Игротека

Љубовта не се пишува, таа се чувствува. Книги за деца во кои се кријат големи мудрости

Прочитајте ги одново сите книги што сте ги читале како мали и ќе бидете изненадени од генијалните реченици што ќе ги пронајдете таму. Детската литература ги содржи најголемите мудрости за животот, иако тоа многумина не го забележуваат. Една ризница од животни мудрости е колекцијата приказни за Вини Пу од А. А. Милне.

„Колку сум среќен што имам нешто што разделбата ја прави толку тешка“.

„Некои луѓе се грижат премногу. Мислам дека тоа се вика љубов“.

„Не може да седиш во ќошето од шумата и да чекаш другите да дојдат кај тебе. Понекогаш мора да одиш кај нив“.

„Реките го знаат ова: нема брзање. Ќе стигнеме некогаш“.

„Па, што ми се допаѓа најмногу? Иако јадењето мед е многу добро, има момент токму пред да почнете да јадете кој е подобар од моментот кога јадете, но не знам како се вика тоа“.

„Доколку некогаш има утре кога нема да бидеме заедно… има нешто што мора да го запомниш засекогаш. Похрабар си отколку што веруваш, посилен си отколку што изгледаш и попаметен си отколку што мислиш“.

„Вети ми дека никогаш нема да ме заборавиш бидејќи ако мислев дека ќе ме заборавиш, немаше никогаш да си заминам“.

„Како се пишува ‘љубов’?“ – Прасенцето.
„Не се пишува… таа се чувствува.“ – Вини Пу.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top