Секој што имал макар малку строги родители се сеќава на некои правила што немале смисла, а бил принуден да ги почитува. Корисниците на „Редит“ споделиле свои искуства, од кои некои се навистина чудни. Ова се најлудите правила што морале да ги следат додека растеле:

1. Забрана за зачини

Солта е само за гости. Употребувањето зачини беше голем грев во мојата куќа. Мајка ми и татко ми го сметаа за навреда користењето зачини, иако беа ужасни готвачи.

2. Правило за домашни миленичиња

Мојот татко го измисли ова правило за да го спречи брат ми постојано да го прашува кога ќе добие кученце, на секои десет секунди. Имавме соседи од двете страни што веќе имаа куче, па правилото гласеше дека секоја втора куќа може да има куче. Брат ми долго веруваше во тоа.

3. Правило за заведување

Не смеев да се потпрам или да легнам ако моето момче беше кај нас дома. Мајка ми сметаше дека ќе го наведам на „валкани мисли“ на тој начин. Еднаш кога ги ставив нозете на каучот додека мојот свршеник беше кај нас, мајка ми се налути бидејќи мислеше дека го заведувам.

4. Смрт предизвикана со празнење на цревата

Баба ми ми велеше дека не смеам да седам на веце-школката кога грми зашто може да удри гром во цевките и да ме фати струја.

5. Обука за затвор

Не смеев да ставам шеќер во чај бидејќи мајка ми ми рече: „Кога ќе одиш во затвор, не ти даваат шеќер, па затворот ќе ти биде уште потежок“. Ти благодарам што толку веруваше во мене, мамо. Сигурна сум дека во затвор е дозволено да ставиш шеќер во чајот.

6. Лепчиња и привилегии

Мојот татко имаше проблем со цревата, па не можеше да јаде сусам (меѓу другото). Па така, кога јадевме хамбургери, сите мораа долниот дел од хамбургерот да му го дадат на тато во замена за неговиот горен дел. Но, никогаш не ни објаснија зошто го правиме тоа. Па веќе кога бев на факултет сфатив дека тоа не е нормално. Мислев дека да се има две долни лепчиња е привилегија на тато.

7. Пица-трка

Во куќата на мојот пријател постоеше правило „без виткање на пицата“. Во куќата живееја тројца браќа тинејџери, а кога нарачуваа пица, секој се обидуваше да зграби што повеќе парчиња од пицата. Првото правило беше дека не може да земете повеќе од едно парче, а второто парче можете да го земете дури откако ќе го ставите в уста последниот залак од првото парче. Еден од браќата сфати дека ако го свитка парчето, може да го стави в уста и да земе друго парче. Па така се создало и правилото „без виткање на пицата“.

8. Само подароци

Смеев да купам само работи што се наменети за роденденско или божиќно подарување. Замислете, ова беа мои сопствени пари кои ги заработив со вредна работа. Мајка ми точно знаеше колку ми треба за да стигнам до училиште, па ако застанев во продавница, таа знаеше и бев во неволја.

9. Забрана за употреба на заменки

Моите родители се однесуваат како зборовите „тој“ или „таа“ да се еквивалентни на пцости, па така обраќањето кон моите родители со користење заменки беше забрането.

10. Образование за насилство

Насилни игри се забранети, освен ако се „за историјата“.

11. Правило на вратите

Не ни беше дозволено да ја користиме влезната врата. Никогаш. На вратата дури имаше метална рамка со брава за која беа потребни клучеви од двете страни. Мојот очув го имаше клучот, а дури и гостите мораа да влегуваат од задните врати.

12. Оддалеченост од таткото

Ова не беше мое правило, туку на пријателот. Кога мојот татко ќе дојдеше од работа, мојот пријател мораше да си оди дома. Тоа му го кажале неговите родители бидејќи тоа значело дека дошло време за вечера, па тој морал да се врати дома. Но, тој како дете не го сфаќаше тој дел од правилото. Така, всушност, тој се плашеше од мојот татко. Кога ќе видеше дека се паркира пред куќата, престануваше да прави што било и со трчање си одеше дома.

13. Недоразбирање околу капа

Не ми беше дозволено да носам капа свртена наназад бидејќи татко ми мислеше дека тоа го прават членови на банди. Ова се случуваше во Висконсин во 90-тите години. Моите родители се прекрасни луѓе, но изгледа не го разбираа најдобро светот во тоа време.

14. Еден пешкир

Секоја недела добивавме само еден чист пешкир. Со него можевме да правиме што сакаме, но до следната недела не добивавме друг.

15. Параноја од труење

Никогаш не смеев да оставам пијалак во автомобилот бидејќи, според мојата мајка, некој можел да ме отруе. Секогаш беше премногу параноична, но тоа правило ми е најдраго.

16. Прости зборови

Не смеевме да го изговориме зборот „прдеж“. Тоа беше исто како да сте кажале некој срамен збор, барем така беше во светот на моите родители.

17. Правило на бројот три

По училиште имавме време за слатки и тоа беше единственото време кога можевме да јадеме благо, а смеевме да изедеме најмногу три. Ова не е многу чудно правило, но сега имам 50 години и уште јадам по три колачиња.

18. Чуден избор на хорор-филмови

Можевме да ги гледаме филмовите со Фреди, но не и со Џејсон. Тоа е затоа што мојата мајка веруваше дека филмовите чија тема е петок 13-ти се сатански.

19. Слатко правило

Мајка ми ме уверуваше дека Големата тиква од серијалот „Чарли Браун“ навистина постои. Правилото за Ноќта на вештерките беше дека можам да изберам само десет слатки од оние што сум ги собрала, а остатокот морав да ѝ го дадам на Големата тиква. Во реалноста, Големата тиква беше работилницата на татко ми.



912

X