Некои од придобивките од квалитетната исхрана за бебињата се природното подобрување на когнитивните вештини, меморијата и концентрацијата. Д-р Тералин Сел, психотерапевт и експерт за здравје на мозокот, нагласува зошто е важно да се земе предвид храната што ја јаде вашето дете.

Консумирањето храна богата со хранливи материи и висококвалитетна храна е клучна за функцијата на мозокот, когнитивниот развој, па дури и за подобрување на однесувањето во училницата. Дозволете им на децата да се вклучат во изборот и подготовката бидејќи на тој начин ќе имаат забавни искуства и истовремено ќе се доближат до некои намирници што не им се познати или не им биле омилени.

Д-р Сел ги препорачува петте најдобри намирници што децата треба да ги јадат секојдневно за да ги подобрат здравјето на мозокот, меморијата, концентрацијата и целокупната когнитивна функција.

Протеини

Протеините се богати со аминокиселини кои му помагаат на мозокот да работи и да произведува невротрансмитери. Серотонинот и допаминот се потпираат на висококвалитетни протеини. Концентрирајте се на месо, сирења, млечни производи, јаткасти плодови и семки за здравјето на мозокот. Покрај тоа, протеините помагаат да се стабилизира шеќерот во крвта, што го одржува мозокот во рамнотежа во текот на денот и може да помогне да се намалат проблемите во однесувањето.

Риба

Омега-3 масните киселини се императив за работа на мозокот и се негово гориво. Масните риби, како лососот и туната, се одличен избор за вашето дете. Омега-3 масните киселини се важни за производството на клетките и за вашите невротрансмитери (серотонин, допамин). Неодамнешните студии покажуваат дека омега-3 помага при симптоми на депресија.

Листест зеленчук

Обидете се да вклучите листест зеленчук како спанаќ, кељ, рукола и блитва во секојдневната исхрана на вашите деца. Овој зеленчук е богат со влакна, фитонутриенти, витамини Ц, А и К, како и фолати. Листестиот зеленчук има антиинфламаторно дејство и помага во подобрување на когнитивните функции. Бидете креативни и ставете зеленило во сендвичи или смути.

Бобинки

Бобинки, вклучувајќи боровинки, јагоди, капини и црвени малинки, се издвојуваат како некои од најздравите избори на овошје. Овие бобинки се полни со антиоксиданси кои помагаат да се намали оксидативниот стрес. Тие се богати со хранливи материи и влакна кои помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта и намалување на воспалителните процеси.

Зеленчуци во боите на виножитото

Пиперки, карфиол, брокула и домати… Сите овие зеленчуци се богати со растителни влакна, фитонутриенти, витамин Ц и витамин А. Поради содржината на влакна, одлични се за подобрување на здравјето на цревата, што е исто така важно за здравјето на вашиот мозок. Вклучете го вашето дете во избор на забавен и шарен зеленчук и пробајте нешто ново секогаш кога купувате.

Извор



912

X