Ова ќе биде еден од оние текстови во кои свесно ќе се изложам на ризик да бидам нападната, пишува Билјана Грбовиќ, професорка во Србија на својот блог. Мојата примарна цел е придонесот за заедницата и оттаму доаѓа мојата одлучност да го кажам следното:

Многумина од нас само мислат дека многу ги сакаат своите деца! Често не сме свесни колку сме плитки и површни во љубовта!
Ние мислиме дека сигурно ги сакаме затоа што најмногу ги сакаме, но тоа не значи дека ги сакаме со вистинска љубов. Проверете се!

Родителската љубов се мери врз основа на:

– подготвеноста да се вложиме себеси, не само своите пари;
– тоа да ни е поважно детето да биде добар човек отколку ние да бидеме „добри“;
– тоа дали преземаме одговорност или за себе и за своето дете бараме оправдувања;
– дали ни е примарна цел детето да го оспособиме или да му угодиме;
– подготвеноста да го контролираме своето его заради детето, а не да се правиме дека знаеме сè;
– вистинскиот труд да бидеме што повеќе со него, а не да гледаме да го однесеме на оброк;
– тоа дали сме подготвени долготрајно да бидеме посветени на некоја промена или само играме улога на пожртвуван родител во која толку сме се соживеале, па во неа и самите сме поверувале.

Сериозно размислете. Признајте и ако вистината боли, не мачкајте си ги сами на себе очите. Оние што не се во состојба да ја пуштат лажната слика, треба да знаат дека времето и животот сигурно ќе им ја извадат маската!

Не се заканувам, освестувам.

Не дозволувајте да ве збунат оние што ви зборуваат дека сигурно доволно ги сакате вашите деца. Тоа што се возбудуваме околу организацијата на детскиот роденден, што им го купуваме најдоброто, што ни е многу важно нивното образование… тоа често не е љубов, тоа може да биде самољубие.

Љубов има оној родител што го набљудува детето, што презема сè што е во негова моќ да го насочи на вистинскиот пат, кој секојдневно се обидува да одржи близина со своето дете, кој не ги турка проблемите под килим, туку активно трага по решение, чука на секоја врата и бара помош, оној родител што не бега од одговорност, го забавува секојдневното брзање за да размисли за тоа како воспитува, оној на кој децата му се на прво место кога го распоредува своето време, а не само својот паричник!

Целта на текстот не е да осуди, туку да размрда. Па нека размрда! Нека отвори очи, да има повеќе вистински среќни деца.
Се радувам кога помагам!



912

X