Инспиративни приказни на семејства кои откриле креативен начин за бабите и дедовците да останат блиски со своите внуци.

Кампот на баба

Пријателите на Едит Матабони се зачудени кога пред две години, кога отиде во пензија, ја продаде својата куќа на Лонг Ајленд, Њујорк, и се всели во поголема куќа во Милфорд. Зошто таа и нејзиниот сопруг Брус Мекбурни купија имот од 3.000 квадратни метри, куќа со четири спални само за нив двајцата?
Но, Сузан, снаата на Еди, воопшто не беше изненадена. Таа го знаела одговорот: Еди имала намера да го пополни слободното време со своите 10 внуци.
– Моите деца ме замолуваа да им ги чувам децата, но јас ретко можев да го направам тоа поради работата – вели Еди, поранешен менаџер за човечки ресурси и додава: – Ја сакав мојата работа, но сфатив дека животот е повеќе од тоа. Сакам да му помагам на моето семејство.

„Кампот на баба“, во кој има пристаниште за риболов, дел со нишалки, куќа на дрво, голема соба за играње полна со играчки, беше отворен во април 1999 година. Во текот на неделата Еди често се грижи за внуците што не одат на училиште, а потоа за викенди доаѓаат децата и внуците кои се на училиште. Таа има календар на вратата од подрумот на кој води евиденција кои членови од семејството кога доаѓаат, и обично е исполнат со месеци однапред.
Еди (60) и Брус (59) првично размислувале да отворат мал хотел откако ќе се пензионираат. Но на крајот сфатиле дека бизнисот ќе ги врзува и ќе им го отежнува времето што го минуваат со семејството. Затоа тие на крај создадоа нешто како гостилница за своите најблиски.

– Тоа е како одмор за секого – вели Сузан, која ја посетува Еди барем еднаш месечно заедно со нејзиниот сопруг Џон и децата Вероника (6) и Луис (4). Се возиме на педалинката со децата или седиме на тремот и разговараме. Таа ни даде убаво место за сите да бидеме заедно.

Од витално значење за Еди е блискоста што ја има со своето семејство, таа имала тешко детство и никогаш не ги познавала своите баби и дедовци.

– Немаше многу смеа во мојата куќа додека растев, затоа токму тоа сакам да им го дадам на моите внуци сега. Сакам да знаат дека баба е забавна – раскажува таа. Таа вклучува и  неделно честење сладолед за појадок на внуците, ги следи и сите филмови на „Дизни“ за подоцна да им поставува квиз-прашања на своите внуци.

Еди се надева дека кога нејзините внуци ќе пораснат, ќе научат моќна лекција.

– Сакам да знаат дека можат да надминат сè во животот со позитивен став. Мојот живот е многу подобар отколку што замислував дека може да биде – вели таа.

Полна куќа

Кога Џој Камерлинг и Дејвид Смит заминуваат на работа, немаат никакви замерки или приговори од своите ќерки Мерет (4) и Теа Грејс (3). Нивната дадилка, која живее со нив, веќе е будна, им го прави појадокот и е подготвена за ден исполнет со забава.
Оваа дадилка од соништата е нивната баба Дороти Смит, која се грижи за нив уште од првиот ден. Кога Џој и Дејвид во 1997 година ја донесоа дома 6-неделната Мерет од Виетнам, Дороти веднаш се понуди порано да се пензионира од нејзината работа во Санта Барбара, Калифорнија, и да се пресели кај својата ќерка Април за да биде близу до внуката и да им помогне на новите родители.

Џој и Дејвид кои беа воодушевени од идејата.

– Дороти е посветена, приврзана жена. Таа и Април постојано ни помагаат – вели Џој. Таа знаеше дека на Дејвид и Џој ќе им треба помош бидејќи нивната професија, професори на колеџ, бара да работат и дење и ноќе.
Со помош на Џој и Дејвид, Дороти и Април нашле стан близу до нив и веднаш почнале да се грижат за Мерет и Теа Грејс.

Секојдневно Дороти и Април им помагаат на девојките околу учењето на азбуката, возење трицикли итн.
Грижата околу децата беше толку успешна, што кога Џој и Дајвид одлучиле да купат поголема куќа, тие ги поканиле Дороти и Април да се вселат кај нив, создавајќи љубов помеѓу три генерации. Синот Давид исто така е воодушевен од полната куќа.

– Мислам дека децата не можат да си го замислат животот без баба – вели тој.
Кога Дороти планирала летото да ја посети својата мајка во Арканзас, Мерет се плашела сè додека планот на Дороти не пропадна.

Тогаш таа дојде кај мене, ме погали по лицето и ми рече: „Бабо, мило ми е што живееш во собата до мене“, раскажува Дороти.



912

X