Што е потребно за среќен брак? Има многу различни делови што треба да бидат усогласени за да се оформи добар однос. Сите ги знаеме големите фактори: љубов, доверба, тешка работа, посветеност, разбирање, добра смисла за хумор. Сепак, ново истражување од научници од Универзитетот во Рочестер разгледувало 174 различни студии и открива дека сите среќни бракови имаат една заедничка особина: психолошка флексибилност.
Но, што е всушност психолошка флексибилност?
„Психолошката флексибилност е една од најесенцијалните и вредносни вештини што може да ги поседувате во животот“, вели Кејти Зискинд, брачен и семеен терапевт во Конектикат. „Се работи за прифаќање и избирање да се мисли позитивно и покрај промените што се случуваат“. Според извештајот, психолошката флексибилност е дефинирана како збир на вештини кои иднивидуите ги активираат кога се соочени со тешки или предизвикувачки мисли, чувства, емоции или искуства“. Со други зборови, оние што се психолошки флексибилни се отворени кон нови искуства, без разлика на предизвиците со кои се соочуваат. Имаат тенденција да бидат ориентирани кон своите цели и не се откажуваат поради препреки.
Луѓето што се психолошки нефлексибилни, пак, имаат тенденција да избегнуваат тешки мисли и кога се соочени со нив, често се опседнуваат. Предизвиците се многу потешки за нив, па достигнувањето на целите може да биде тешко. Лесно е да се разбере зошто ова е важна особина во среќен брак. Многу често во браковите работите не се движат во насока на желбите на двајцата партнери, па фрустрациите се таложат и потоа се прелеваат. Сопружниците што имаат психолошка флексибилност може да се справуваат со промените полесно и да се соочат со предизвиците кои животот им ги поставува. „Ако плановите се променат, нешто за кое сте се радувале не може да се случи, или пријателот кој сте сакале да го видите мора да ги промени плановите за вас, користете вештини за флексибилно размислување. Менталните фрустрации може да станат пречка во приспособувањето“.
Кејт Енглер, лиценциран терапевт од Чикаго, вели дека психолошката флексибилност значи да се биде способен да се остане поврзан во сегашноста со другата личност. „А можно е едно лице да биде присутно, но да не биде поврзано со друго лице. Тоа е она што генерално го мислиме за внимателноста и, се разбира, тоа би била голема придобивка“. Но, колку и да претставува придобивка, не е лесно да се постигне. Енглер потенцира дека често сме условени да реагираме на промените во различни околности. „Еден дел од она што ја прави психолошката флексибилност или присутната конекција толку тешка е дека ако сте активирани воопшто, дел од вашиот мозок ја презема контролата и ви испраќа бори се/бегај/смрзни се наредба. Делумно сме склони кон вакво активирање во интимните или романтичните односи поради високите нивоа на ранливост. Откако ќе дојдете во бори се/бегај/смрзни се фазата, тука веќе воопшто нема шанса за флексибилност“, вели таа.

За да се илустрираат предизвиците што може да произлезат од психолошката нефлексибилност, Енглер нацртала пример од нејзините клиенти за терапија за двојки. Сопругата од еден од паровите доживеала несреќа која била живото-загрозувачка. Нејзиниот сопруг бил оставен со можноста да ја изгуби партнерката додека ги одгледува и нивните 5 деца. „За среќа, жената преживеа, но следуваше долг процес на заздравување. Кога дошла дома, секојпат кога некој од нив споделувал како било додека таа била во болница, другиот веднаш се активирал и реагирал на два начини – или се исклучувал или се налутувал“. Бидејќи траумата сè уште била свежа и необработена, таа личност брзо преминувала во бори се/бегај/смрзни се фаза, па со тоа станувало невозможно да се остане присутен и поврзан доволно за да се понуди емпатија на партнерот. „Се разбира дека тоа чувство е ужасно. Со текот на времето, терапија и многу практика, сега може да бидат психолошки флексибилни меѓу себе и да си понудат поддршка и утеха, да имаат поширока перспектива и да се поврзат во нивните споделени цели за заздравување“.
Фокусирајте се на компромис, додека истовремено ги споделувате и своите суштински потреби
Со цел да се биде психолошки флексибилен за да се создадат придобивки за двајцата партнери, прво треба да се прифатат сопствените околности и начинот на кој се реагира на нив. Тоа бара развивање на самосвесност, медитација и да се биде рефлективен на сопствените чувства и на сето она што може да ги поттикне. На крајот, треба да се фокусирате на целта, а тоа е градење силен однос со вашиот партнер. „Фокусирајте се на компромис, додека истовремено ги споделувате и своите суштински потреби и правете компромис и за нештата што се помалку важни. Психолошката флексибилност се однесува на избирањето за кои работи сакате да бидете флексибилни, додека исто така го потенцирате и кажувате она што навистина е важно“, вели Зискинд.
Автор: Џереми Браун