Ајде најнапред да се потсетиме што се соседи, а што се пријатели?
СОСЕДИТЕ живеат во нашата зграда или блиску до нашата куќа.
Добрососедските односи се важни за сите. Убаво е да бидеш добар сосед. Соседите треба да се дружат да си помагаат.
ПРИЈАТЕЛИТЕ сами си ги избираме и со нив треба да негуваме добри односи и меѓусебно да се почитуваме.
Пријателите на нашите семејства ги покануваме на нашите прослави, заедно одиме на одмори, се дружиме.
Е сега, драги другарчиња, помогнете им на Биби и Боби да одговорат на следните прашања.
912