Темата за имање деца е една од најважните работи за кои еден пар би требало да разговара пред да се одлучи на заеднички живот.

Дали и двајцата сакате деца? Големо семејство? Помало? Прашањата (и одговорите) се многубројни. Сопругот и јас знаевме дека сакаме барем деца кога се венчавме, но не бевме претерано загрижени, ниту се занимававме со одредување на точниот број. Иако мојот партнер беше уверен дека две е совршен број, јас во своите желби варирав во распон од од две до три деца.

„Второроденото дете ќе има синдром на средно дете“

Ете денес имаме две деца. Момче и девојче – „совршено“ семејство, како што би го опишале многу добронамерни луѓе. Но, знаете што? Некако сакам уште едно бебе. Можеби не наскоро – но, не сум подготвена да ја исклучам можноста за проширување на моето семејство кога сум во средните 20-ти. Сепак, мојата желба за трето дете не ја поддржува мојот сопруг, кој истовремено ми ги уништува надежта и соништата, говорејќи дека две се сосема доволно и дека тој не сака повеќе деца. Изговори или добри аргументи? Еден од неговите најчести аргументи е дека немаме спална соба за трето дете, а јас сметам дека нема ништо лошо во тоа децата да ја делат собата. (Поздрав, кревети на кат! Во еден момент јас и сестра ми делевме соба). Тоа е сосема изводливо.

Друг аргумент е дека во нашите автомобили нема доволно место за три автоседишта. Во ред, сфаќам, меѓутоа, и тоа може многу лесно да се „среди“. Уште една негова грижа е дека второроденото дете ќе има „синдром на средно дете“, односно ќе биде заборавено/помалку сакано/секогаш обвинувано итн. И сопругот и јас сме најстари деца во своите семејства, така што не знам колку добро секој од нас може да зборува на таа тема, но лично го сметам тоа за уште еден „очаен“ изговор.

„Децата се скапи“, често ми говори сопругот.

Тоа е делумно вистина. Децата не се евтини. Но, штедливи сме. Детската облека ја наследуваме од нашите пријатели. Не претеруваме со родендените и празниците. Живееме релативно скромно.

Морам да признаам дека во оние лоши, тешки денови, третото дете ми изгледа смешно, особено тогаш кога сум психички исцрпена бидејќи синот цел ден ме гледа в очи и го прави точно она што му реков да не го прави, кога мојата ќерка одлучи да приреди едноставна забава во 2 часот наутро… и уште една во 4 наутро. Кога и двајцата постојано одат во различни насоки и ми се чини дека не успевам да усреќам ниту еден, ниту успевам да завршам нешто во домот.

Но, има денови (и тоа многу повеќе) кога децата заедно си играат, се смеат и се забавуваат и во тие моменти не можам да не замислам уште едно дете до нив. Кога моето бебе наутро ќе ме дочека со својата огромна насмевка со два заба.

Или кога синот ми вели: „Ти си најдобрата мајка на целиот свет. Многу те сакам!“ Што можам да направам? Очигледно е дека е тоа нешто за кое мораме добро да размислиме. Бебето е голема работа. И никого не можам да присилам на уште едно дете.

Автор: Мишел Стајн

Извор



912

X