Воспитување

Кога родителите одлучуваат за сè, расте човек кој не знае што сака

Го знаете она кога како деца родителите сè ви организираат, ви ги редат задачите кои треба да ги завршите во одреден рок, бидејќи тоа е добро за вас. Добро е за вас, а уште повеќе за нив бидејќи сметаат дека така ќе бидете на сигурно. Обезбедени. Никој не ве прашува кои се вашите преференции, во што уживате, по што копнеете, што ви е потребно, а што ве плаши?

Родители се, па сигурно тие најдобро знаат што му е потребно на нивното дете.

И се наоѓате тогаш некаде пред 30-тите години, сте направиле сè што било од вас барано и повторно не сте задоволни? Зошто сте толку тажни и изгубени? Зошто сте во грч? Што сте пропуштиле?

Сте пропуштиле да се слушате себеси, а потоа и да уживате во искуствата. Навистина да ги проживеете и асимилирате тие искуства. Животот ви станал листа, низа задачи кои треба да ги направите и можеби, кога целата листа ќе се исполни, конечно би требало да бидете задоволни и опуштени. Еден ден ќе бидам среќна/среќен, си помислуваме, само уште тие неколку работи да ги завршам.

Животот не е нешто што почнува со завршување на листата.

Тој е сега и овде. Само треба да си дадеме дозвола да забележуваме работи, да ги чувствуваме, да одбираме по своја мерка и да не прецртуваме задачи, туку да се полниме со добри нешта за да ги пребродиме тешките и предизвикувачки моменти и да ги вреднуваме сопствените избори – бидејќи сме се осмелиле да бидеме креатори.

Автор: Нада Шаренац – психотерапевт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top