Родителот учествува во формирањето детето, кое еден ден ќе формира друго дете. А децата не ни должат ништо.
Кога ќе му кажете на детето дека ви должи нешто, ја пренесувате истата траума со која ве скршиле.
Ако врската е таква, тогаш родителот ни кажува дека му должиме:
– Што нѐ роди.
– Што нѐ школува.
– Што нѐ носи на различни активности и секции.
– Што ги решава нашите проблеми.
– Што се труди да нѐ порасне.
– Што остануваме неповредени.
– Што инвестира време и енергија во нас.
Па, сега ние му должиме… Но, никому ништо не должиме.
Не должиме за избори кои не сме ги направиле ние. Не избравме ни да се родиме. Не да се школуваме, ниту да одиме на некакви секции. Ништо.
– Но, имаме право да добиеме поддршка и грижа и внимание и љубов.
– Имаме право да пораснеме во слободна личност способна да управува со својот живот и да имаме поддршка за тоа.
– Имаме право да научиме да поставуваме граници.
– Имаме право на независност.
– Имаме право да ги исполниме нашите емоционални потреби.
Имаме многу права што доаѓаат со раѓањето. Секое дете ги има. Тоа е родено со права. А родителот добива обврски кога ќе се роди детето. Такви се правилата на игра.

Затоа, улогата на родителот е најодговорната улога во животот. И најважна. Затоа што родителот учествува во формирањето на едно суштество кое еден ден ќе формира друго суштество.
А децата не ни должат ништо. Ако сметаме дека имаат долг кон нас, учествуваме во пренесувањето на истата траума што сме ја имале и ние. Ги отфрламе. Стануваме банка која форсира рата за кредит, кој никој доброволно не го подигнал. Престануваме да бидеме родители. Сосила ги држиме децата блиску до нас. Манипулираме со нивните срца. И животи. И ниту нивните срца ниту нивните животи не ни припаѓаат нам. Ние само ја имаме привилегијата да ги сакаме.
Како што ние не сме должни, така и никој не е должен да нѐ сака. Никој не е должен да нѐ поддржува.
Ниту да биде емотивно достапен. Емоционално или физички да не нѐ остави. Никој. Ниту нашите родители.
Понекогаш, најважната работа се случува кога ќе сфатиме дека и нашите родители некогаш биле деца, ги имале истите права како ние сега, но останале обесправени. Во истиот чамец сме. Ако не сме ние должни, не се ниту тие должни.
Така, кога ќе се ослободиме од долговите, можеби ќе го отвориме поважното прашање: Што не е во ред со нашата врска, бидејќи тој однос, сакале или не, ќе го вградиме во односот со нашите деца.
Автор: Лилјана Милиќ, тренер за личен развој