Од моментот кога ќе дојдат на свет (а и пред тоа, додека сè уште се во стомакот на мајката), децата инстинктивно ја чувствуваат поврзаноста со родителите, пред сè со мајката. Ги смирува нејзиниот мирис, нејзиниот допир, топлината на нејзиното тело. Нема лекар или психолог кој нема да ви каже дека допирот „кожа на кожа“ со мајката и таткото е од особено значење за бебето.

Бебињата, од првиот ден, чувствуваат поврзаност и љубов кон родителите. За нив, родителите се цел еден свет, а сè друго може и не мора да постои. Како што растат, децата учат постапките на своите родители да ги поистоветуваат со љубов. Малку поради тоа што знаат и чувствуваат дека мајката и таткото најмногу ги сакаат, а малку и поради тоа што родителите често имаат обичај да кажат „јас го правам тоа за твое добро“ или „го правам тоа затоа што те сакам“. Така понекогаш им правиме голема штета на нашите деца. Бидејќи, важно е да знаете дека:

Ако сте сурови кон децата, тие ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако им викате, тие ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако ги игнорирате, ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако ги оставите кога им е тешко, ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако ги казнувате со удирање, ќе мислат дека тоа е љубов.

Но…

Ако сте нежни кон нив, тогаш ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако ги разбирате кога ќе погрешат и не ги осудувате поради тоа, ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако имате трпение за нив и ги слушате кога ви зборуваат, ќе мислат дека тоа е љубов.

Ако им го дадете своето време и им покажувате колку се важни, ќе мислат дека тоа е љубов.

Знаете, можете вие и со прст да им покажете на нешто и да им речете „ете, тоа е љубов“. Можете да им ја прочитате и дефиницијата за љубовта. Можете, ако сакате, секој ден да зборувате што е тоа љубов. Но, за нив, љубов ќе биде она што вие им го покажувате. И кога еден ден некој друг ќе ги третира така како што сте ги третирале вие, тие ќе помислат – е тоа е љубов!

Затоа, внимавајте на што ги учите. Без разлика на она на кое ве научиле вас.

Извор



912

X