„Мамо, мислам дека сакам да умрам“, ми рече мојот 10-годишен син кога го носев на тренинг за фудбал. Да беше ова некое друго од моите деца, а не најстарото, веројатно ќе застанев со автомобилот. Но, се работеше за Картер. Па без да го намалам тонот на неговата плеј-листа, се обидов да бидам „кул“ мајка и реков: „Хмм. Зошто така?“

„Едноставно не сакам да се справувам со светот кој експлодира.“

Побарав од него да ми објасни повеќе. А тој ми опиша конкретна состојба на глобално затоплување со зборови од 10-годишно момче кое стравува за својата иднина. Споменуваше топење на мраз, топлотни бранови, поплави, суши. „Хух“, си реков. „Овде не се работи за самоубиство, само за глобална апокалипса.“

Картер инаку си живее во свој „меур“ кој се состои од технологија, бидејќи татко му работи во тој свет, мајка му работи во твој свет, има 3 помали браќа и сестри кои го идеализираат и опкружен е со дизни-цртани. Најголемите поплаки се за делење на собата со својот брат, часовите по труба и тиква од кој било облик што не сака да ја консумира. Повеќето денови тој има големи планови за иднината – дека ќе се ожени, ќе има две деца, сака да живее во пентхаус на Менхетн со неговиот омилен братучед, да има милениче и успешна кариера.

Сепак, тој се прашуваше дали неговата иднина е вредна. И тоа ми го скрши срцето. Родителите се научени да се справуваат со скршени срца. Но, морав да разговарам со Картер за тоа како може да изгледа глобалното затоплување кога ќе биде возрасен. Ако ништо не се промени, му објаснив, луѓето ќе продолжат да го креваат нивото на јаглероден диоксид и други штетни гасови во нашата атмосфера. Просечните температури ќе продолжат да растат во мера која некои луѓе сметаат дека е мала. Сепак, и тоа малку може да предизвика големи промени. Ова ќе продолжи сѐ додека не се создаде влијание врз секојдневните животи на сите на многу начини. Вујко Т., нашиот семеен пожарникар, ќе мора да биде отсутен со недели или месеци за да се бори со сѐ повеќе пожари. Климатските промени предизвикуваат затоплување, па тоа ќе доведе до создавање повеќе комарци и други инсекти, што ќе значи пренесување на повеќе болести. Поради сезонските промени, сезоната на полен ќе ги влошува алергиите. На многу места ќе има помалку снег и дожд, со што ќе се намалат резервите на вода. Ќе има сѐ почести топлотни бранови, а тоа ќе предизвика повеќе смртни случаи и болести. Океаните ќе се загреваат, а со тоа ќе се создава повеќе енергија за поголеми бури. Нивоата на морињата ќе продолжат да се креваат, а тоа значи повеќе поплави. Поплавите ги оштетуваат патиштата, зградите, а водата ќе стане небезбедна за пиење.

Како што се приближивме до паркингот, му реков: „Повеќето од овие промени ќе повредуваат сѐ повеќе луѓе, особено ако се сиромашни, болни или стари.“ Се свртив за да се соочам со него и му реков: „Без разлика колку е тежок твојот живот, а сите животи се тешки, сепак е вреден за живеење. Добиваш само еден живот, Картер. Има многу радост во тоа измешана со сите тие лоши работи и работи кои немаат смисла.“ Тој кимна со главата и рече: „Да, но возрасните ни ја одземаат иднината.“

Знам дете, знам. Твоето воспитување е потежок товар на моите рамена со оглед на тоа дека сум свесна во каков свет те донесов. Моите деца се одгледувани со дизни-мото – „Само продолжи да пливаш“, „Направи ја следната правилна работа“. Но, низ што очекуваме да пливаат нашите деца? Глобално, младите луѓе продолжуваат да преземаат акции со цел да ја намалат шансата нивните иднини да изгледаат застрашувачко. Многу активисти соработуваат за да смислат планови за справување со климатските проблеми. Но, тоа не значи дека чекорите се лесни, но сепак се исправни. Мојот син не ја бара Месечината. Само Земјата – планетата на која живее.

И да го потврдам очигледното: Возрасни, престанете да им ја одземате иднината на децата.

Автор: Хедер Лајн Спаркс

Извор



912

X