Воспитување

„Ќерко моја, дури и ако згрешам како жена, секогаш ќе бидам твоја мајка“

Поминаа години откако те добив, моја малечка, откако те држев со сета сила притисната до моите гради. Престануваше да плачеш само кога те држев силно во прегратка. Во тие моменти бев убедена дека ништо и никој не може да нè раздели. Всушност, верувањето секогаш ме придружуваше во сите фази од твоето растење. Откако го кажа првпат зборот „мамо“ до моментот кога ги направи првите чекори, трчајќи директно кон мене.

Па додека растеше, го откривавме светот заедно. Ги гледаше работите првпат, ги допираше со твоите мали рачиња кои стануваа сè поголеми и поголеми, со тие очи полни со надеж за иднината. Учев да ги гледам поинаку истите работи кои претходно ги перципирав различно. И ми се допаѓаше тоа, бидејќи сè што правев со тебе беше прекрасно. Но, растејќи, дете мое, ти сфати дека јас не сум само твојата мајка која ти толку ја идеализираше, мислејќи дека сум совршена. Бидејќи, ќерко моја, никогаш всушност не бев совршена. Како што никогаш не бев само твоја мајка, туку и жена. Човечко суштество кое има право да прави грешки. Па правев. Направив погрешни избори, како на пример оставањето на човекот кој мислев дека го сакам и кој никогаш не престанав да го сакам – твојот татко. Во тој момент идејата за совршено семејство која ти ја изгради во својот ум, можеби и поради мене, беше скршена на илјада парчиња.

Почувствува дека земјата се тресе под твоите нозе. И разбирам дека единствениот начин преку кој може да одиш напред беше да најдеш виновник. Се обидов да ти објаснам, дека лутината нема да направи да се чувствуваш подобро, но ти не сакаше да се чувствуваш добро и почна да го бараш виновникот, сè додека не го најде во мене. И можеби навистина и е моја вина, можеби можев да направам повеќе и подобро. Но, сега кога си возрасна, и ти ќе се судриш со тие „срцеви проблеми“ кои ќе стануваат поголеми и поголеми. И тогаш ќе сфатиш дека да се биде жена, потребна е храброст во секој избор и секоја одлука. Можеби наскоро ќе сфатиш и дека да се биде мајка не значи откажување од сопствените соништа и страсти, не значи откажување од твојот живот.

Има само една работа од која никогаш не можам да се откажам, а тоа е поврзаноста со тебе, која ти ја отфрли. Бидејќи љубовта која ја чувствувам за тебе е интензивна и огромна и од неа нема никогаш да се откажам.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top