Обично родителите се фрустрирани од нивните деца затоа што постојано се на мобилните телефони – но еден татко, кој долго време разговарал на телефон, доживеал нешто необично: неговата ќерка му го зела телефонот и го фрлила во океанот.
Сите ја знаеме желбата на детето да биде забележано кога е помало. Постојано вика „мама“ или „тато“ или едноставно го влече родителот за облеката додека да го добие потребното внимание.
Едно девојче применило различна стратегија за да ја забележи нејзиниот татко.
Се чини дека рускиот рапер Тимати живее живот без стрес – релаксирајќи се на јахта во Сен Тропе на француската ривиера и разговарајќи на телефон.

 

Остановить бы Август ещё на пару недель ????

A post shared by Black Star (@timatiofficial) on

Но, неговата четиригодишна ќерка одлучила дека ѝ е потребно вниманието од татко ѝ. Таа се обидела да разговара со него, но тој ѝ дал краток одговор, веројатно велејќи ѝ да биде тивка додека разговара на телефон.
Продолжил да зборува, но 4-годишната Алиса не се откажала лесно. Повторно се обидела да разговара со татко си, а кога се наведнал да ѝ одговори, таа знаела што треба да направи – му го зела телефонот и го фрлила во водата, а тој се шокирал и се збунил.

Тимати го сподели видеото на својот инстаграм-профил, со коментар дека може да си купи телефон.

Се чини дека драматичниот потег на Алиса да привлече внимание се исплатил бидејќи Тимати на „Инстаграм“ постирал видео на кое се гледа како поминуваат време заедно.
Сепак, ако се разгледа неговиот инстаграм-профил, може да се види дека голем дел од времето поминува со Алиса во разни игри и активности.



912

X