Игротека

Карактеристики на октомвриските бебиња

За оние што токму во овој месец ќе се остварат во улогата на мајка и татко, октомври е можеби и најубавото време за тоа. Според неколку интересни научни истражувања и статистики, есенските бебиња имаат свои посебности и одлични предиспозиции за иднината.

Еве неколку причини зошто бебињата родени во октомври се толку посебни:

1. Имаат одлични спортски предиспозиции

Децата родени во октомври многу често стануваат успешни во спортот. Едно истражување за издржливост и сила меѓу училишните деца откри дека децата родени во октомври се посилни од оние родени во сите други месеци, освен во септември и ноември.

Се смета дека главната причина за ова е поголемата изложеност на мајката на витамин Д за време на бременоста во текот на летните месеци.

„Децата родени во есен имаат нешто поголема коскена и мускулна маса. Доколку се активираат рано во спортски активности, тие ги имаат сите предиспозиции за успех“, истакнува д-р Гевин Сандеркок од Универзитетот во Есекс.

2. Имаат предиспозиција за лидерски позиции

Интересен статистички факт е дека во октомври се родени повеќе американски претседатели отколку во кој било друг месец. Џон Адамс, Радерфорд Б. Хејз, Честер Артур, Теди Рузвелт, Двајт Д. Ајзенхауер и Џими Картер се само дел од познатите светски лидери кои го славеле својот роденден во октомври.

3. Помала е веројатноста да се родат на 31 октомври

На последниот ден од октомври се раѓаат значително помалку деца во споредба со другите денови од месецот. Научниците од Универзитетот „Јејл“ сметаат дека потсвеста на мајката има силно влијание врз ова бидејќи мајките несвесно избегнуваат да се породат на ден поврзан со мрачни мотиви.

4. Веројатно ќе доживеат длабока старост

Истражувањето на Универзитетот во Чикаго покажа дека луѓето родени во октомври значително почесто го слават својот 100-ти роденден во споредба со луѓето родени во пролетните месеци.

5. Помал ризик од кардиоваскуларни заболувања

Истражувањата што ја проучуваат поврзаноста меѓу месецот на раѓање и здравјето покажуваат дека бебињата родени во октомври генерално имаат помал ризик од развој на хронични болести, а особено на оние поврзани со кардиоваскуларниот систем и срцето.

6. Урамнотежено ментално здравје

Поради стабилниот ран развој и повисокото ниво на витамин Д што мајките го впиваат за време на летната бременост, кај есенските бебиња се забележува поголема емоционална стабилност, помала склоност кон анксиозност и подобро општо ментално здравје во текот на животот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top