Актерката Камерон Дијаз и музичарот Бенџи Маден го добија своето второ дете. Среќната вест ја споделија на социјалните мрежи.

-Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син Кардинал Маден. Сите сме многу среќни што е тука! Заради безбедност и приватност на децата, нема да објавуваме никакви фотографии, но тој е навистина сладок. Се чувствуваме толку благословено и благодарно – напишале тие.

Актерката и музичарот досега не открија дека чекаат дете, а на сличен начин на почетокот на 2020 година ги изненадија фановите со веста дека преку сурогат мајка добија девојче по име Редикс.

Дијаз го опиша мајчинството како „најдоброто нешто што ѝ се случило“ во шоуто на Џими Фалон во 2020 година.

-Буквално секој ден има скокови. Редикс не е истото бебе како вчера. Неверојатно е колку брзо расте – рекла таа.

Мајчинството ја променило нејзината перспектива за стареењето

За време на едно интервју, Камерон Дијаз открила дека мајчинството ја променило нејзината перспектива за стареењето.

-Имам уште 50 или 60 години живот. Сакам да доживеам 110 години бидејќи имам мало дете. Сакам да бидам со моите деца во нивните 40-ти – додала таа.

Дијаз истакнала дека нејзините претходни искуства од патувањата и филмската работа не можат да се споредат со оваа нова фаза.

-Кога ќе одлучите да станете родител на моја возраст, тоа е вистинскиот избор. За тоа треба многу да се потрудите – заклучила таа.

Извор



912

X