Овие осум фрази, кои родителите често ги користат, можат да ја спречат брзата и безболна адаптација на детето во градинка. Некои од нив го плашат детето, други го лажат, трети ја разубавуваат реалноста, но сите тие пречат при приспособувањето. Дознајте кои фрази треба да ги заборавите ако вашето дете тргнува во градинка.

1. Научи да јадеш сам, мислиш дека некој во градинка ќе те храни?

На овој начин кај детето формираме негативна слика за градинката и го уверуваме дека таму никој нема да се грижи за неговите потреби. Подобро кажете: „Веќе можеш сам да јадеш, па ти си веќе голем! Многу сакам да те гледам кога јадеш сам!“

2. Подели ја играчката со другарчето – во градинка ќе мораш да делиш! Сите играчки се заеднички!

Ова не е аргумент за дете, иако тоа би требало да научи да дели за да успее да комуницира со другите деца. Подобро е да кажете: „Види колку му се допаѓа твојата играчка на другарчето, дај му ја малку, па ќе ти ја врати“.

3. Не плачи, сега веднаш те водам во градинка!

Градинката како казна? Така го плашиме детето и му оставаме впечаток дека во градинка е лошо и таму може да биде повредено.

4. Ќе бидам со тебе во група (ако не го направите тоа, станува збор за лага)

Мамејќи го детето, сами си копаме јама, бидејќи со време тоа повеќе нема да ни верува, а ќе научи и дека со лаги ќе може да си олесни некаква непријатна ситуација.

5. Ќе ти купам… ако одиш во градинка без плачење!

Детето ќе се навикне лесно на фактот дека секојпат кога ќе оди во градинка мирно, неговата мајка нешто ќе му купи и со тек на време ќе почне да манипулира и да бара многу повеќе. И тоа нема да биде негова вина.

6. Кој било негативен впечаток за воспитувачките, градинката воопшто, дури и само интонација или превртување очи (во присуство на детето) – се забранети!

Вашите зборови за децата се вистина што не се преиспитува. Ако реагирате негативно на воспитувачките, тие за нив ќе имаат негативен став.

7. Не плачи! Гледај, другите деца не плачат! А ти…

Не споредувајте го со другите деца. Никогаш. Во никои услови! Подобро е да кажете: „Ти си малку тажен бидејќи мама мора да оди на работа. И ти ќе ми недостигаш, но штом завршам со работа, веднаш ќе дојдам по тебе!“

8. Во градинка е толку забавно! Има многу другарчиња, играчки… Сите играат и се забавуваат!

Овие фрази родителите ги користат со најдобра намера, но тие не можат да предизвикуваат високи очекувања кај детето и да му остават впечаток дека градинката е луна-парк и дека од првиот ден ќе биде многу убаво. Затоа подобро кажете му ја вистината, воздржано, предупредете го дека децата мора да научат и некои правила, да ја почитуваат воспитувачката и да бидат добри другари.

Автор: Олга Крамаревиќ, детски практичен психолог

Слична содржина:

Не ми се допаѓа тетката во градинка

Мојот 5-годишен син не сака да оди во градинка и постојано ми е залепен. Тоа многу ме нервира



912

X