Денешните деца се раѓаат со компјутери, смартфони и таблети в рака. Родителите, педијатрите и психолозите се грижат дека овој тренд може да има негативни последици врз нивниот интелектуален развој. Во ова дигитално време кога целиот живот почнува да се одвива онлајн, погрешно е да се забрани, но треба да се внимава колку време децата поминуваат на смартфон и на какви содржини.

Децата најчесто земаат пример од своите родители и го копираат нивното однесување. Доколку вашето дете ве гледа по цел ден со смартфон во раката, и самото ќе сака да го прави истото. Затоа, одвојте време за заеднички активности: читајте, играјте „Не лути се, човеку“, асоцијации, пантомима. Ангажирајте се и бидете му посредник и водич и за дигитална комуникација. Покажете му дека интернетот и дигиталните уреди не се само забава, туку и извор на корисни информации и складиште на знаења. Поттикнете ги децата да истражуваат и да поставуваат прашања. Бидете подготвени да одговорите и да ги споделите вашите искуства. Но, најважното од сè, обрнете внимание на квалитетот на содржините за кои детето е заинтересирано.

Дајте им приоритет на образовните програми и страници, барајте апликации кои помагаат за развивање вештини, за градење и дефинирање на личноста уште од рана возраст. Апликации во кои преку различни игри и активности на децата им се пренесуваат и објаснуваат теми како социјализација, толеранција, соработка, самостојно решавање конфликти, заштита на животната средина… Преку такви содржини тие ќе учат низ забава како подобро да се разберат себеси и другите, и светот околу нив. Истовремено, ќе бидат поттикнати да размислуваат, сонуваат и да откриваат, за да ги остварат сопствените можности. Токму таква апликација, и тоа на македонски јазик, е новата 5+ апликација на „Македонски телеком“ и ОХО, каде што главен протагонист е добропознатиот анимиран херој – кучето Петко. Апликацијата е создадена со намера децата да следат квалитетни и едукативни теми преку медиум кој им е омилен и добро познат. Преземете ја апликацијата и препуштете ѝ се на играта: Play Store, App Store.

 



912

X