Утрото почнува брзо,
подготвуваш два појадоци, а во душата сѐ уште спиеш.
Гледаш низ прозорецот,
го гледаш сонцето како сјае
го планираш денот така што ним да им биде убаво на игралиште.
Ги оставаш и садовите и кадата,
ќе седите некаде под сенка,
но и ќе станете 300 пати,
и ќе викате постојано да не залутаат.
Едната ќе биде гладна,
другата заборавила да отспие,
а ти, малку изнервирана, но со насмеано лице,
ќе им раскажуваш за црцорењето на птиците.
Имаат желби веднаш штом се вратат дома,
па понекогаш мислиш дека главата ќе ти експлодира,
но потоа бурно се смеат,
и кога ќе им ја исполниш желбата,
како да добиваат некој трофеј.
Вие сте изморени,
гладни и бушави,
понекогаш емоционално оштетени,
но за зголемување на нивната радост,
секогаш сте им на располагање.
Лоши се вестите,
времињата се лоши,
но тие се вашето бреме,
кои сакаат внимание и љубов,
радост која со вас ќе ја споделат,
понекогаш и некоја солза да се пролее,
бараат да ја дочекаат зората во ваша прегратка,
едната сака розово здолниште, а не зелено,
па потоа можеби ќе има и мала борба меѓу нив,
па ќе ја бараат вашата рака,
затоа што не можат сами да се соблекуваат,
а вие гледате, и велите со насмевка: „Леле!
Потоа доаѓа денот
кога тато треба да остане сам со децата неколку часа,
за да одите и да завршите обврски,
купувате пуканки на ќошот и ги носите вешто, покрај 10. други кеси.

Си ветувате по илјадити пат дека нема да го повторите тоа,
затоа што ве болат ‘рбетот и рацете,
но веќе на улица слушате познати звуци:
„Ене ја мама, ене ја мама, ни носи и јаболка…“
Некогаш беа две, сега има четири очи на мојот праг,
да испратат и да дочекаат,
а тебе, Боже, ти благодарам за оваа сила.
Автор: Весна Мартинов Вилиќ