Што е тоа што е потребен (можеби не и доволен) услов, она што мора да биде темел на здрава личност на детето?

Во новата ера ова прашање се наметнува како круцијално, иако било актуелно во секоја доба со оглед дека секое време има свое бреме.
Физички и виртуелно поврзани едни со други – всушност никогаш не сме биле пооддалечени едни од други.
Слободни да дојдеме до информации што ни се потребни во кој било когнитивен елемент, никогаш не сме биле позаробени од страна на истите тие информации кои само во мала мера сме кадарни да ги употребиме за добри цели и насоки.

Значи, што е тоа што е потребно и неопходно за денешните деца да останат во контакт со себе и да го зачуваат менталното здравје и радоста на живеењето?
Што е тоа што е потребен (можеби не и доволен) услов, она што мора да биде темел на здрава личност на детето?
Дали тоа е квалитетното образование?
Дали тоа е вештина околу ИТ-технологиите?
Дали тоа е вештина за обработка и управување со повеќе информации истовремено?
Познавање повеќе јазици?
Парична „стабилност“?
Убавина, правилни физички пропорции, допадливост?

Што е тоа без што децата нема да чувствуваат радост и нема да „дишат“ на душевно здрав начин?

Многумина настојувале да ги дефинираат нормалноста и душевното здравје и на таа тема се напишани илјадници страници. Но, за да се ориентираме без длабоки анализи и филозофски расправи, доволно е како репер да се има предвид концизната дефиниција на Фројд: „Нормален (душевно здрав) е оној што умее да работи и да сака“.
Ако се замислиме над оваа дефиниција, а под претпоставка дека ни е јасно што значи да се сака и зошто зборот работа („рад“) е корен на терминот радост, ќе ни биде доволно за тоа да биде нашиот ориентир.

И треба да разбереме што сѐ децата не мора да бидат за да би биле душевно здрави и нормални во оваа технолошка ера:
– не мора да имаат квалитетно образование бидејќи тоа денес е исцепкано, деперсонализирано и не е априори поврзано со добрината и радоста
– не мора да бидат вешти околу ИТ-технологиите за да бидат душевно здрави
– не мора да умеат истовремено да управуваат со мноштво информации
– не мора да познаваат повеќе јазици
– не мора да бидат парично „стабилни“
– не мора да бидат допадливи и со правилни физички пропорции.

Но, МОРА да бидат сочувствителни, отворени и насочени кон другиот, притоа уважувајќи се себеси и своите вистински потреби кои нѐ очовечуваат.
Тоа МОРА, се разбира, подразбира слобода и насоченост кон доброто – и не може да биде императив.
Само децата што слободно го избираат доброто, а сочувството им го дефинира центарот на нивното битие – може да бидат способни да сакаат, да работат и да се радуваат.
И само таквите деца ќе бидат душевно здрави и нормални.

А финиот нов свет изобилува со силни крадци на душевното здравје, па ние возрасните стануваме последниот бастион на одбрана кој би требало да креира вистински услови за растење и развој на душевно здрави деца.
Бастион кој ќе ги штити од многуте пречки на Радоста?
Дали сме подготвени за тоа и дали самите добро сме ги совладале лекциите за љубов, сочувство, дали умееме да се радуваме и дали слободно го избираме доброто?

Или ќе ги предадеме децата и ќе им ја одземеме бојата во нивните очи?
Овој свет почива на сочувство и кога тоа ќе исчезне, ќе исчезнат и Човекот и Радоста.

Стив Катс во својот краток анимиран филм, на нему својствен уметнички начин, останува вчудовиден над искушенијата и предизвиците на новата доба кои се закануваат да ги одземат Радоста, Сочувството и Љубовта повешто и поуспешно отколку што некогаш било можно во текот на целата историја на човештвото



912

X