Еден топол октомвриски ден во 2020 година ја спакував торбата со пелени, го облеков моето 18-месечно дете во сезонска облека и отидовме на фарма 60 минути западно од нашата куќа за малку „есенска забава“. Имав чувство дека есенската забава е преценета, но бев преплавена од фотографии со семејства кои позираат со тикви околу себе подолг период. Каква мајка би била ако не направам фотографија од мојата Аби сместена на сено? Се разбира, има пандемија, но фарма е, надвор е, па колку лошо може да биде?

Кога пристигнавме на фармата, беше топло и имаше метеж, а помислата на сценографија со тикви? Ја немаше. Прашавме еден странец дали би било во ред ако направи фотографија од нас на задниот дел од едно возило (и го стори тоа), а потоа се упативме дома. Додека возев плачејќи, се обидував да ја смирам ќерка ми со песна, па сфатив дека се соочувам со еден специфичен страв – страв од пропуштање. Да, дури и во пандемија, родителите се ранливи на тој страв. Знаме дека треба почесто да се седи дома, но отворањето на бизнисите и придвижувањето на луѓето повторно го предизвикуваат тој страв. Сиобхан Алварез Борленд, мајка на две мали деца коај живее во Атланта и работи како блогер, се поврзува со ова мое искуство.

– Како родители, сите се соочуваме со тешкотии. И ни изгледа како на сите да ни е оставен изборот да одлучиме што е најдобро за нашите индивидуални семејства – вели Алварез Борленд. Во нејзиниот случај, тоа значи да се биде строг во врска со социјалното дистанцирање, па нејзиното семејство може понекогаш да поминува време со мајка ѝ, која има имуно-компромитирачка состојба. Знае дека таа одлука е вредна, но тоа не прави гледањето фотографии од други семејства за Божиќ или кој било друг празник да биде полесно за „варење“.

Кога станува збор за помислата дека ги губиме сите тие вредни моменти, важно е да се запомни дека секогаш моделираме однесувања за нашите деца, вели Грациела Симонети, родителски тренер од Лонг Ајленд.

– Од помош е разговорот, дури и со малечките, а особено со постарите деца. Кажете им: „Знам дека е тешко што не можеме да одиме некаде, но еден ден ќе може да бидеме околу луѓе, кога ќе биде безбедно и нема да ни биде непријатно. Кажете им: „Запомнете го изборот што сме го направиле денес. Тежок избор е, но е вистинскиот“, вели Симонети.

Нешто што има тенденција да биде дел од стравот за пропуштање е неодобрувањето што го чувствуваме во однос на тоа што го прават другите – Уф! Не можам да верувам дека го прават тоа! – откако ќе ги разгледате прикачените фотографии, иако тоа е нешто што и вие посакувате да го правите. Инаку, небезбедното однесување на луѓето ја пролонгира пандемијата, а и нивните дела се надвор од контрола, па затоа вознемирувањето околу тоа дали пропуштате нешто и не е баш продуктивно. Самонети советува да се обидете да си кажете себеси нешто како: „Тоа е нивен избор. Тие имаат право на свој избор. Јас имам право на свој. Имам право и на свое мислење“.

Една работа што ѝ се помогнала на Алварез Борленд во овој период е потсетувањето дека пандемијата е целосно надвор од контрола.

– Сечија ситуација е различна, а вие мора да се чувствувате самоуверени дека одлуките што ги носите, иако имате чувство дека пропуштате многу нешта, се вистинските одлуки за вашето семејство и вашите деца – вели таа.

Од тој октомвриски ден секогаш се потсетувам дека работите не се секогаш изгубени, па учам и да ја чувствувам радоста од пропуштање некои работи, за поголемо добро. Но, некогаш кога ќе здогледам нешто, таквите чувства на страв од пропуштање ме „фаќаат неспремна“ – и тогаш повторно морам да се потсетам себеси дека е привремено. Како што вели Симонети: „Имајте на ум дека ова е само сезонски“.

Тоа не значи дека не е тешко, зашто е. Многу е тешко. И не минимизирам. Многу тешко време да се биде родител, но има крај и на сето ова. А крајот доаѓа“.

Автор: Лиа Пикард

Извор



912

X