Вашата реакција на глетката кога дете го удира вашето има многу поголема моќ отколку што мислите. Вашето дете ќе гледа како вие се справувате со оваа ситуација и тоа ќе му биде основа како и самото да се однесува.

Д-р Емили Едлин објаснува како ќе бидете поефикасни и посовесни во спроведувањето одредени методи во такви ситуации.

Најважно е да запомниме дека нашите деца, како и туѓите деца, секогаш гледаат. Можеби не изгледа така затоа што не си ги средуваат играчките иако гледаат дека го правиме тоа, но децата навистина обрнуваат внимание на тоа како реагираме, особено во стресни ситуации.

Останете смирени

Ако друго дете го удри вашето, а родителот на другото не интервенира, тогаш можете да интервенирате вие. Пријдете му на вашето дете и уверете се дека е добро. Мирно кажете му на другото дете дека го повредило вашето и го растажило. Овој вид дејство може да му даде до знаење на другиот родител дека и тој треба да направи или да каже нешто. Вашата мирна реакција, исто така, му покажува на вашето дете дека сè е под контрола.

Она што го советува Едлин е практика на свесност. Оваа практика му овозможува на вашиот мозок да остане смирен во стресни ситуации што предизвикуваат силни емоции.

Како функционира?

Со практикувањето свесност се развива силна свест за мислите и чувствата во сегашниот момент. Самиот чин на признание во одреден момент – „мојот гнев расте и може да изгубам контрола; сакам да му удрам шлаканица на тој родител како што неговото дете го удри моето“ – во комбинација со длабоки вдишувања за да го контролирам тој гнев, помага да реагираме најдобро што можеме.

Што ако инцидентот се повтори?

Колку и да сте еволуирале преку практикување свесност, вие исто така сакате да бидете подготвени за ситуација кога повторно ќе се случи сличен инцидент. Тогаш проблемот станува поструктурен по природа. Секое дете заслужува да се чувствува безбедно, а постојаното агресивно однесување со кое возрасните не се справуваат правилно го попречува тоа чувство на сигурност.

Ако истото дете повторно го повреди вашето дете, следете ги истите стратегии опишани погоре. Потоа пријдете му на родителот или старателот кој бил одговорен за детето во моментот на инцидентот и изразете ја вашата загриженост. Ќе треба да се постават јасни граници и очекувања, затоа погрижете се таквите мерки да бидат преземени од одговорните за тоа дете.

Многу е веројатно дека сите родители во одреден момент ќе бидат во слична ситуација, на оваа или онаа страна. Важно е да реагирате правилно, смирено, но сигурно, да им покажете на вашите деца и на другите како најдобро се решаваат проблемите и да создадете ситуација која ќе биде фер кон сите вклучени страни.

Извор



912

X