Воспитување

Како да ги научите децата да бидат среќни?

Родителите се трудат да ги научат своите деца на многу работи, а притоа им ги обезбедуваат неопходните средства за учењето да биде полесно. Секој родител сака неговото дете да биде амбициозно, образовано, успешно… Дали, во меѓувреме, го забораваме најбитното: да биде среќно?

Еднаш, еден стар мудрец одел по пат, ја набљудувал природата и уживал во силните пролетни бои. Одеднаш, видел маж кој на грбот носел тежок товар. Му се видело дека под товарот му се тресат нозете.

– Зошто се осудуваш на така тешка работа и страдање? – прашал старецот.

– Се мачам за моите деца и внуци да бидат среќни – одговорил несреќникот. – Мојот прадедо се осудил себеси на тежок живот и работа за доброто на мојот дедо, дедо ми за доброто на мојот татко, татко ми за мене, а јас ќе се помачам за среќата на своите деца.

– Дали некој во вашето семејство бил среќен? – прашал старецот.

– Досега не, но сметам дека моите деца и внуци ќе бидат среќни! – рекол мажот.

– За жал, неписмениот човек не може да научи да чита, како што кртот не може да чува орел! – рекол мудрецот. – Прво мора да научиш ти да бидеш среќен, а дури потоа ќе можеш да ги научиш и своите деца на тоа. Тоа ќе им биде најдрагоцен подарок од тебе!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top