Типот на воспитување што го имав се вика „турски тушеви“. Татко премногу строг, мајка премногу нежна. Сега ќе прашате како може некој да биде претерано нежен? Може. Во љубовта не можете да претерате, бидејќи од љубов никогаш не ни е доста. Но, нежноста и љубовта не се синоними. И прекумерната нежност не е добра.

А што е со турските тушеви? Па, ладна и топла вода. Таткото тепа, а мајката дава прегратки и чоколадо… Тоа воопшто не е добро. Детето треба да може да се идентификува со двајцата родители, тие треба да имаат слично воспитување. Затоа педагозите велат – умерено строг или умерено нежен – и таткото и мајката. Никако едниот на еден начин, другиот на друг.

Бев многу бунтовен млад човек. Бунтовен кон својот татко. Но, тој беше мудар. Кога имав 14 години, ми донесе тетратка и ми рече: „Пишувај!“ Прашав што да напишам. „Секој ден пишувај што правиш. И не само што правиш, туку и што мислиш и што чувствуваш“. Тој дневник го пишував многу долго, дури 10 години. Тоа ми помогна да се занимавам со литература. Јас сум во Академијата на науките на одделот за литература, а не за медицина. Луѓето се изненадени од тоа. Кога пишував така со денови, се подобруваше и стилот. Кога ќе се навратев на нешто што сум го напишал пред една година, гледав каков сум бил и што можев да напишам подобро.

Кога ќе погледнете наназад, не треба да гледате само фотографии за да видите какви сте биле. Треба да го видите менталниот и духовниот живот бидејќи целта е подобрување на себеси.

Извор



912

X