Се наоѓам во средина на периодот за кој отсекогаш сонував – одгледувам прекрасни, надарени деца кои добиваат многу поддршка од мојот партнер. Знам дека сето тоа е супер, навистина знам.

И ако предлагате да се тргнам и да размислам за тоа како се чувствувам кога ќе помислам на овој неверојатен подарок, мојот искрен одговор е дека сум многу благодарна. Но, ако сум искрена, исто така морам да кажам и дека сум под многу поголем притисок во секој момент (дури и во 3 часот наутро кога спијам како заклана), од порано, пред да добијам деца. Но, кога се работи барем за тоа, товарот не е рамномерно распореден помеѓу мене и партнерот.

Тоа што сум „примарен родител“ всушност значи дека сум оној „очекувај го неочекуваниот родител“, кој мора своите денови, недели и целиот живот да го организира на начин на кој може сè да се промени во секунда. Како кога се случува нешто непредвидено на работа, па шефот мора да премине на кризен начин на работа и да се обиде да се сети на сè што би требало да знае и како да ги смири сите – освен што со две мали деца тоа е ситуација која се случува речиси секоја недела.

Тоа е мојата улога и јас и понатаму се обидувам да се снајдам.

Тоа што сум примерен родител значи дека мене ме викаат од градинка.

Тоа што сум примарен родител значи дека моето име го знаат лекарот и медицинските сестри.

Тоа што сум примерен родител значи дека кога паѓа снег, не се поставува воопшто прашањето кој ќе ја реорганизира работата.

Постојат и оние начини на кои природата одредува кој е примарен родител. Неодамна сфатив дека бев бремена и/или доев 4 години по ред, со исклучок на само три недели. Тоа просто не се одговорности кои можев да ги поделам со партнерот.

Понекогаш тие одговорности – колку и да изгледаат поединечно ситни – ми паѓаат прилично тешко кога сè ќе се собере. Имам многу малку време, моите организациски способности непрестајно се испитуваат, а ми се чини дека моето тело не е целосно мое.

Иако мојот сопруг ми е огромен извор на олеснување со години, ова е нешто што тој не може да го разбере. Исто како што ни јас не можам да ја разберам неговата одговорност за да обезбеди сè што му е потребно на нашето семејство. За нас и за нашата динамика, така изгледа тимската работа – само тоа може да биде прилично тешко кога изгледа дека стоиме на спротивни страни од игралиштето и самостојно играме или напад или одбрана.

А потоа, на крајот од денот, се составуваме и зборуваме за своите битки и славиме победи и правиме стратегии за тоа како напредуваме и се подобруваме, како си помагаме за да бидеме подобри. Па, сепак, иако искрено не би можела да барам ништо повеќе, изгледа дека најдобро функционираме кога работиме како специјалисти. Но, тоа што сум примарен родител не значи дека го прифаќам негативното покрај позитивното – раното родителство ме предизвикува да го пронајдам доброто во лошото. Наместо сето ова да го набљудувам како обврска, секогаш добро ме потсетува какви се тоа всушност можности.

Јас сум таа што набљудува дали нашиот син ги слуша своите наставници, игра со другарите и се дружи кога ќе стигнам една минутка порано на училиште за да го земам.

Јас сум таа на која и се обраќаат децата кога сакаат прегратка и тешење кога се болни.

Јас сум таа што прави спонтани спомени кога паѓа снег и ги води на санкање.

Јас сум таа што чувствува како се движи бебето во стомакот, го доживува чудото на раѓање и ги храни тие деца – исклучиво со сопственото тело.

Наместо да се набљудувам како примарен родител, повеќе сакам да се набљудувам како тоа што навистина сум во овој момент од нашиот однос: секојдневен специјалист за родителство.

Јас сум таа што ги држи нозете цврсто на земја и иако можеби понекогаш се калливи, ништо не може да ја надмине љубовта што ја добивам како плата.

Автор: Емили Гловер

Извор



912

X