Воспитување

Извинете им се на вашите деца – тие најмногу сакаат да ви простат

Сè што сакаат вашите деца е да ви простат. Еве како го знам тоа.

Тоа беше ден со малечки ужасни работи за мене. Лош ден на работа, мирисот на масло по смена во ресторанот, по која останав со само 25 долари бакшиш. Се надевав барем на 50, најмногу 100. Се надевав дека ќе добијам на лотарија со купон кој не го купив, но не. Беше вторник ист како сите вторници: долг. Малку разочарувачки. Ги зедов децата од училиште, забележав еден пар патики кои веќе беа пред искинување. Одевме дома заедно. Куќата мирисаше на урина од мачка или кој и да е тој мирис што го оставаат мачките. Кучето уринирало на подот во кујната, што се чинеше како милостиво дело во една смисла, бидејќи не уринирало на килимот.

Не беше урината од животните, или помислата дека магично треба да создадам вечера за четворица пребирливи јадачи, која ме извади од такт. Не беше часот домашна задача која требаше да ја заврши моето дете од второ одделение, што значеше дека јас треба за сè да му помогнам. Не беше двојната смена која знаев дека ме чека следниот ден во ресторанот. Она што ме извади од такт беше фактот дека згазнав во садот со вода од кучето. Тоа е тоа.

Мојот најстар син, кој има 9 години, направи грешка, па рече: „Зошто го стори тоа? Сега чорапот ти е мокар“. Експлодирав. Му се развикав. Врескав. Му реков да оди во својата соба ако е безобразен и кога неговото лице направи гримаса и рече: „Што сторив јас?“, викав уште повеќе. „Знаеш што стори! Се однесуваш како да сум глупава! Знаеш! Оди во својата соба!“ Отиде во својата соба, се качуваше бавно по скалите. Неговите 3 малечки браќа беа тивки, нервозни. Си се упатија кон своите соби, двајцата најмали држејќи се за раце. Поддржувајќи се меѓусебно поради мојот испад. Ушите ми бучеа, си повторував – Не е моја вина, не е моја вина. Но, се разбира дека беше моја вина.

Јас не пораснав во период кога луѓето им се извинуваа на децата. Извинување беше знак на слабост, или оставање детето да победи, а во мое време не се оставаше детето да победи. Никогаш. Обвинувате, не велите ништо и носите дома играчка. Или пица. Па добро, имаше дел од мене што се спротивставуваше. Сакав само да се натопам во бања и да продолжам и да се преправам. Да купам играчка. Или пица. Освен што се сеќавам дека син ми се засрами, се вознемири. 9 години се возраст кога едноставно си го барате својот глас и еден коментар да предизвика таква реакција од лицето кое ве сака најмногу – не е баш ништо.

Со главата надолу, се качив во собата. „Извини“, му реков, мислејќи го тоа со сето свое срце. „Ти не стори ништо. Тоа беше лошо од моја страна. Извини што викав.“ Сум им дала толку многу причини да ми простат и тие тоа го правеле секојпат. Без разлика на сè. Колку и да сум згрешила, ако сум се извинила вистински, вистински и ми било простено. Тогаш сè се смени, неговите рамена се опуштија и издиши. „Во ред е. Знам дека имаше лош ден на работа. Не сум лут.“ Толку лесно. Го видов неговото лице како се расветлува. Една верзија од него таа вечер замина без збогум. Нема да има омраза таа вечер кон мене. Бидејќи научив како да го поправам односот.

Сè што тој сакаше беше да ми прости. Тој, и како што научив подоцна, и неговите браќа сакаа многу да простат ако само им кажам „извини“ кога ќе згрешам и кога го мислам тоа. Ова е најубавата работа во светот за мене. Колку нашите деца сакаат да ни простат ако само се извиниме. Го видов тоа и првиот пат и сега го гледам постојано. Пред еден ден видов татко кој се наведнува кон својот син кој плаче во ред во продавница, шепотејќи му: „Извини, другар, не го мислев тоа“, околу некоја кавга која не ја слушнав. Малиот ги стави рацете околу неговиот врат. Предавање – веднаш. Воздух исполнет со топлина и олеснување и меѓусебно сакање.

Да им се даде шанса на децата да бидат дарежливи во духот е подарок. Не само бидејќи тоа прави да се чувствуваат посебно, туку прави да нè гледаат како луѓе. Со маани, но луѓе кои се обидуваат. Полни со љубов. Изморени и намуртени, какви што се и самите тие понекогаш. Луѓе кои грешат и луѓе кои ги сакаат.

Можам да згрешам и моите деца ќе ми простат. Тоа е сè што треба да знам, засекогаш.

Автор: Џен Мекгвајер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top