Сфатив дека животите на моите тинејџери се сведoa на дружење со нивната мајка и разговори преку „Зум“ со нивните другари. Знам дека да се биде тинејџер значи и да ти биде здодевно, а има и денови кога треба самите да се забавувате – знам, бидејќи и јас сум го доживеала истото. Мојата мајка се смееше кога велевме дека ни е здодевно и ни даваше повеќе задачи. Но, мојата мајка работеше надвор од домот и не се соочуваше со глобална пандемија каде што сите си досадуваат едни на други, па има разлика.

И не, не сум одгледувала млад човек за време на глобална пандемија, па не ја знам вистината, но има нешто што ми тежи на градите и сакам да го искажам: ако моите тројца тинејџери уште еднаш речат дека им е здодевно додека трчам наоколу како хиена бидејќи имам толку многу работа што не можам ниту да гледам јасно, тогаш ќе ја изгубам контролата. Кога дојде средината на март и сè беше ставено во мирување, мене ми беше во ред целата таа мрзливост и пауза. Надвор сè уште беше студено. Бев среќна што децата ми се безбедни и не знаевме некој што е болен. Ми беше во ред да ги оставам садовите, алиштата за перење, тоа што децата не ја менуваа облеката – бидејќи сè што можев да направам беше ментално да успеам да го поминам денот. Сè друго ми изгледаше минимално важно.

Но тоа беше пред 6 месеци, па неносењето чевли и лежењето на каучот и зборувањето дека е здодевно не е начин на живот. Сочувствував со нив. Навистина. Но, имаа многу време да размислат и да направат некои промени. Знаат дека кога ја вклучувам правосмукалката и викам поради празните чаши што се оставени на секој агол, треба нешто да преземат и можат да го средат тој неред.

Моите деца се млади, но не се толку млади да немаат никаква претстава како да се справуваат со вакви времиња. Во овој момент знаат дека ако ми кажат дека им е здодевно, ќе им дадам некоја задача. На пример, да измијат садови или да го исчистат тоалетот. Како мајка во оваа куќа, имам чувство дека го губам умот. Чувствувам дека без разлика што и да сторам, едноставно не можам да постигнам и секое утро се будам со листа со активности што треба да ги завршам. Не барам од децата да се однесуваат како возрасни и да ги преземат моите одговорности, но сум фрустрирана од нивните тинејџерски умови, кога се шетаат низ домот како да нема што да се прави, а има милион работи на кои може да го посветат своето време – да ми зачуваат малку разум во текот на овој процес. Вин-вин ситуација, зарем не?

Моето трпение е при крај. Немам повеќе сугестии за нив. Ако речат дека нема што да се прави, наместо да се лутат, ќе им покажам листа со работи што може да ги прават. Како чистење на тоалетот и празнење на машината за садови, или барем да читаат некоја книга.

Имам добри деца, навистина. Но, тие сепак се деца, а чистењето зад себе не е ничија освен нивна задача. Како родител кој се обидува да балансира сè, како и многумина од вас, немам веќе сила и волја. Кога моите деца се однесуваат како светот да ќе продолжи да се врти бидејќи мајка им ќе го одржува тоа тркало во движење, не сум сигурна што можам да стиснам посилно: мојата вилица или задникот. Знам дека не сум сама со вакво чувство. Знам дека луѓето што работат од дома веќе се откажале со проверките и набљудувањето на децата во времето кое го поминуваат пред екраните, бидејќи навистина не се постигнува.

Како и да е, ја губам силата. Во една секунда ми е драго што моите деца се дома безбедни со мене, а во другата секунда го губам трпението што некој оставил конзерва од туна на масата и зарем само јас сум единствената што знае каде е крпата за бришење?

За родителите што се обидуваат да ги одржат работите во нормала низ овој тежок период, со вас сум. Знам дека не сте во ред, бидејќи и јас не сум во ред. Претпоставувам дека единствената работа што можеме да ја направиме е да го преживуваме секој ден и да им даваме причини на нашите тинејџери да прават „Тик-ток“ видеа. Бидејќи, ако не сакаат да го прават тоа, имам тоалет кој може да го исчистат.

Автор: Кети Бингам-Смит

Извор



912

X