Како настанала нивната колекција на семејни селфи-фотографии од лифтот, пишува колумнистката од „МиаМама“, Кристина Кос:

– Би требало да бидеме на детска претстава во 11 часот. Добро, сега е 9, имаме еден и пол час до тргнувањето. Ели (2 месеца) цица. Искра (5 години) кака. Тато премачкува путер и мармалад на леб и вари кафе.

За 5 минути.

Тато проверува дали е добро избришан задникот. Ели цица.

– Искра, изми ги забите и измиј се. Еве, само нешто да видам. Оди во својата соба, вклучува цртан филм.

9:15. Ели цица.

-Искра, дојди измиј ги забите, па јади. Чекааај да заврши цртанот! Ели цица, мама воздивнува. Тато ги мие забите.

9:30. Искра излегува од соба. Оди во тоалетот.
-Не можам да ја стиснам пастата за заби! Тато ја стиска пастата, Искра ги мие забите. Ели цица. Искра се враќа, доаѓа до Ели, која само што не заспала. Ја влече, ја бакнува и ја разбудува.
-Искра, дојди да јадеш. А што има? Леб и мармалад. А, не сакам мармалад, реков дека сакам крем „лино“ ! Нема „лино“, јади мармалад! Цимоли.

9:45. Ја спуштам Ели на каучот. Ели плаче. Ѝ менувам пелена и ја облекувам за излегување. Плаче уште повеќе. Искра станува од масата, ги затвора учите и оди во својата соба. Не јадела.

10:00. Ели плаче најсилно. Тато јаде, Искра се мурти, јас ја спремам торбата за Ели, греам вода, подготвувам млеко, ја мијам цуцлата, ставам резервна облека, гази.. – Можеше барем цуцлата да ја измиеш! А кога, те молам, кога бришам задници, мачкам мармалад, варам кафе и стискам паста? Ама во ред.

10:15. Ели вреска од петни жили, Искра излегува од собата и јаде. Јас трчам по станот и се подготвувам, јадам попат, сркнувам кафе. Фустани, спреј за суво миење на косата, се прочешлувам, ги мијам забите. Спремна сум. Тато е исто така спремен во истата секунда. Ја облекувам Искра. Станот е во хаос.

10:30. Стојам во собата со торбата за Ели, својата торба, Ели ја држам в раце, а цуцлата во устата. Тато стои со мобилниот за да слика, со ѓубрето и со садови за да се остават кај баба. Искра ѝ зборува на Ели, таа се смее и гуга. Одиме? Тато: леле, морам до веце. Заборави! Стисни!

10:35. Ја земаме количката, влегуваме во спас-зоната – лифтот, одбираме нула и одиме! Олеснување. Правиме селфи. И така настана нашата лифт-колекција. Правиме селфи и на враќање. Девојчињата спијат, големата кај татко ѝ, малата кај мене. Ни беше убаво. Среќни сме. Се сакаме. Ели се буди. Одиме отпочеток.

Автор: Кристина Кос



912

X