Омилениот детски бренд „Светот на Биби“ го подготвува своето учество на претстојниот 38. Саем на книгата, кој ќе се одржи од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“. Оваа година нивниот штанд ќе биде претворен во вистинска оаза на емоциите, каде што литературата станува мост за поврзување на децата со нивните најблиски низ секојдневните предизвици и радости.
Во срцето на овогодишното претставување е нова сликовница посветена на емоционалниот развој. Од тимот откриваат дека станува збор за сликовница која ги истражува сеприсутноста и нескротливата моќ на прегратката.
- Универзалниот јазик на нежноста: Новата сликовница на емотивен и соодветен начин им објаснува на децата дека прегратката е извор на храброст кога ни е потребна сила пред одење на доктор, но и најубавиот начин да се сподели големата радост. Омилените јунаци суптилно ги водат децата низ прашањата колку прегратки ни се доволни и зошто токму овој гест е најсилниот извор на енергија во секој дел од денот.
- Иновации и едукација: Покрај новитетите, на штандот на „Светот на Биби“ ќе најдете многу едукативни изданија кои ја поттикнуваат креативноста и го негуваат македонскиот јазик, останувајќи доследни на својот препознатлив квалитет.
- Саемски изненадувања и попусти: Со цел овие важни воспитно-образовни лекции да стигнат до секој дом, брендот подготви специјални саемски цени и многу содржини кои ќе го направат саемското искуство незаборавно за целото семејство.
„Светот на Биби“ ги поканува сите љубители на книгата заедно да ја истражат магијата на читањето, онаа што нè поттикнува да учиме, да созреваме и да бидеме поблиски едни со други во секој миг од животот.
(Комерцијална објава)