Луѓето што имаат деца имаат тенденција да станат социјално поконзервативни во споредба со луѓето што немаат, покажало едно истражување. Често се верува дека ставовите на луѓето стануваат поконзервативни како што стареат, но истражувачите откриле дека возраста всушност не е примарна причина за тоа. Студијата се обидела да разбере како се појавуваат поделени ставови за различни прашања, вклучувајќи абортус, имиграција и секс.

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија првично мислеле дека луѓето што инвестираат повеќе во родителска грижа може повеќе да се приклонуваат кон конзервативни политики и вредности. Како дел од студијата, тие анкетирале 2.610 луѓе од 10 земји и откриле докази дека луѓето што се веќе родители или сакаат да станат родители се поврзани со растечкиот социјален конзервативизам низ светот.

Луѓето што немаат деца имаат полиберални ставови како што стареат, велат истражувачите

Професорот Николас Кери, коавтор на студијата, изјавил дека наодите се во спротивност со вообичаеното верување дека луѓето стануваат поконзервативни како што стареат. „Ова верување е инкапсулирано во израз кој вели: Кој не е либерален на 20, нема срце, а кој не е конзервативен на 30, нема мозок“, вели тој. „Всушност, кога статистички ги контролирате ефектите од родителството, постарите луѓе не се социјално поконзервативни од помладите.

Студијата, објавена во списанието „Proceedings of the Royal Society“, истакнува дека глобалните стапки на плодност се во постојан пад од 1950 година, што може да доведе до полиберална иднина. „Со оглед на тоа дека наталитетот опаѓа во поголемиот дел од светот – но нагло се зголемува во некои региони – сегашните наоди би можеле да имаат длабоки импликации за политичките ориентации во иднина“, пишуваат авторите.

Помалку деца значи полиберално општество?

„Поточно, нашите наоди посочуваат дека глобалното зголемување на бездетноста може потенцијално да придонесе за процесот на либерализација на социјалните прашања“, додаваат тие. Сепак, професорот Пол Хигинс од Универзитетскиот колеџ во Лондон предупредува дека недостатокот на студијата е тоа што ја намалува политичката наклонетост на многу специфичен збир на лични искуства.

Тој за „Гардијан“ изјавил дека студијата не ги зела предвид промените во подоцнежните фази од животот, ниту ги зела предвид ефектите од промените во општеството и социјалните улоги. Професорот Кери додал дека и покрај наодите, треба да се сфати дека политичките ставови се „барем делумно“ резултат на личност во одредена фаза од животот.

Разбирањето на ова може да им помогне на луѓето да сфатат дека нивните сопствени гледишта за различни работи понекогаш може да се променат поради променетите приоритети, а не само поради тоа што имаат некој посебен увид во објективната вистина.

Извор



912

X