Ако има еден аспект од мајчинството за кој драстично не бев подготвена, тоа е недостигот на тишина и самотија. Иако бев наставник во средно училиште пред да имам деца, што значи дека бев навикната на врева и сензорен „претовар“ во текот работниот ден, ништо не можеше да ме подготви за нивото на врева што може да го произведат 3 деца за период од 5 години. Бидејќи мојата работа на училиште завршуваше во одреден дел од денот. Одев дома во тивок стан. Ми требаше личен простор. Можев да читам или да гледам ТВ, или да готвам вечера, или да трчам без малечки човечиња да се закотвуваат за моите нозе.

Потоа се случи пандемијата. И мајките чија најголема фантазија била да имаат тивок дом каде што ништо не се поместува и никој не вика „мамо“ по цел ден, со пандемијата станаа заробени 24/7 со сите деца дома, како и можен сопруг. Децата следат настава на кујнската маса, возрасните се обидуваат да заработат за живот од каучот, а мајката се обидува да менаџира со 94 хаотични топки во воздухот цело време. Па, да, сега повеќе од кога и да е сме во очајна потреба за време поминато насамо и за малку тишина. Не нешто од типот – „децата се во другата соба и нема да ни пречат во следните 15 минути“. Потребен ни е цел ден – дури и недела, на целосна слобода, личен простор и целосна тишина. Барем тоа ми треба мене. Не ми треба одмор. Само сакам сите тие да одат на одмор.

Исповед број 1:

„Зошто не можам да се сконцентрирам? Ох да, затоа што моите деца (кои многу ги сакам) не престануваат да зборуваат, викаат, плачат, врескаат, да се тепаат. Ве молам, само бидете ТИВКИ!“

Исповед број 2:

„Знам дека ова е кажано илјадници пати, но се чувствувам толку ужасно кога не правам ништо со моето дете цел ден (освен основните работи како јадење, прегратки и проверки) и само сакам да зјапам во ѕидот, а таа да молчи и да седи мирна со часови“.

Исповед број 3:

„Сакам овие деца да престанам да зборуваат со мене и да не прават врева. Одете читајте книга тивко, бојте или спијте. Не ми е гајле, само бидете тивки“.

Исповед број 4:

„Само сакам да одам во кревет и да појадувам сама и да ги нарачам сите оброци и да спијам кога сакам. Да се потопам во када кога сакам без луѓе околу мене да ми кажуваат дека им требаат оброци/облека“.

Исповед број 5:

„Исцрпена сум од константна врева. Децата трчаат и викаат, кучињата лаат, сопругот јаде и зборува на телефон, телевизорот и уредите испуштаат врева, сето тоа е премногу. Ми недостига мојот тивок дом. Проклет да си ковид-19“.

Пандемијата само ги интензивира нашите потреби за мир и тишина за 1.000 пати. Постојаната врева и инвазија на личниот простор го исцрпија и последниот дел од трпението во нашите души.

Исповед број 6:

„Проблемот е уште одамна пред пандемијата. Сега се плашам дека никогаш нема да се вратиме назад. Работам 8 години без престан, заслужувам малку тишина во домот.“

Исповед број 7:

„Ако мојот сопруг праша дали сум во ред уште еднаш, ќе го удрам во интимните делови. ДОБРО сум. Едноставно сум тивка. Немам потреба да ја исполнувам секоја тишина со неважно дрдорење. Само врати се на работа, овие глупости ме убиваат“.

Навистина ни е потребно нашите партнери да се вратат на работа. Навистина, навистина.

Исповед број 8:

„Не сум утринска личност. Се будам секој ден во 5 часот за да го испијам моето кафе во мир и тишина и да прочитам што било на интернет без осудување. Изморена сум од љубопитните носиња на моите деца и сопругот, кои се околу мене 24/7“.

Можеме да се надеваме на време поминато во мир и тишина барем рано наутро или доцна навечер. Но и тогаш сме спречени.

Исповед број 9:

„Фантазирам да живеам сама каде што ништо не се движи освен јас. Дури ни миленичиња. Каде што сè е тивко и мириса убаво наместо на валкани чорапи и влажно куче. Каде што можам да го ослободам мојот внатрешен минималист, да си ги завршувам обврските без пречки. Ох, колку посакувам“.

Исповед број 10:

„Ги сакам тишината и самотијата. Кажете ми повторно, зошто одлучив да имам деца?“

Знаеш дека си мајка која си ги платила своите долгови и сега функционира во пандемија повеќе од една година, кога твојата најголема фантазија е да бидеш заклучена во соба сама со себе. Која било соба, каде било. Слушајте семејства. Ве сакаме. Ве цениме. Го сакаме квалитетното време поминато со вас во изминатата година. Но, откако ова ќе заврши, ќе мора да одите некаде каде што ви е забавно и да ги заборавите мама и домот една недела. Или мама ќе си отиде во куќичка во шума каде што никој не може да ја најде и конечно ќе може да прочита книга во слатка самотија. Но, некако, мораме конечно да добиеме мир и тишина и малку личен простор за да се исполни повторно чашата која беше максимално испразнета во последната година, за да можеме да ви се вратиме обновени и подготвени повторно да се соочиме со вревата.

Автор: Карен Џонсон

Извор



912

X