Бебињата родени во август имаат многу цврсти карактерни особини и многу е лесно да ги засакате. Сигурно ги знаете или сте едни од нив. Многу особини на личноста зависат од тоа во кој месец сме родени. Доколку сте се родиле во август или имате дете кое е родено во тој месец, сигурно ќе ви бидат интересни овие факти:

Полни се со самодоверба, силни се и организирани

Бебињата родени во август во хороскоп се или лав или девица и постојат многу работи поради кои се посебни, вели докторката Атина Перакис, астролог и извршен директор на компанијата „Мудра Божица“. Лавовите се самоуверени и многу силни, физички и ментално. Освен тоа, многу се сакани и харизматични, вели д-р Атина и додава дека девиците исто така имаат многу убави особини. „Девиците се многу организирани, прецизни и ориентирани. Тоа се лица од доверба, интелигенти и практични луѓе. Баш како и лавовите, и девиците се харизматични, но тие имаат „тивка“ харизма.

Многу славни личности се родени во август

Август изгледа е популарен месец за раѓање, а тоа го потврдува и фактот дека многу славни личности се родени во овој месец. Блејк Лајвли, Ана Кендрик, Мила Кунис, Џенифер Лоренс, Деми Ловато се само некои од нив.

Имаат лидерски способности

Немојте да бидете изненадени ако вашиот шеф е роден во август. Докторката Перакис објаснува дека луѓето што слават роденден во тој месец секогаш се на врвот. „Тие се природни лидери, а сето тоа благодарение на нивната харизма и самодоверба“.

Поретко патат од ментални болести

Студиите покажале дека родените во зимскиот период имаат поголеми шанси да заболат од различни ментални болести, вклучувајќи ги депресијата и шизофренијата. Научниците не се сосема сигурни која е причината за тоа, но се претпоставува дека најголем виновник е витаминот Д, кој го има помалку во зимскиот период, а кој е од големо значење уште од најрана возраст.

Одлично се согласуваат со своите августовски пријатели

Перакис е лав во хороскоп, а нејзиниот сопруг е девица, па како што вели таа, тоа не е така необично. Со лавот владее сонцето, па затоа тие се многу страсни, додека со девицата владее Меркур, па се одлични во комуникацијата и координацијата. „Тоа е навистина одличен баланс кога ќе се спојат лавови и девици, па не е за чудење што повеќе љубовници се во оваа комбинација од хороскопските знаци“.

Нивниот цвет на раѓање е гладиола

Дали сте знаеле дека за секој месец на раѓање постои одреден цвет? За августовските бебиња тоа е гладиола, за која се верува дека ги претставува карактерните особини, силата и моралниот интегритет. Сокриената порака на овој цвет е љубовта на прв поглед, што не треба да зачудува доколку ја земеме предвид самата структура на цветот кој стои исправено и гордо, баш како и човекот кој во својата рака носи меч!

Најмалку се согласуваат со водолија и риби

Д-р Перакис вели дека августовските бебиња се многу дружељубиви, но постојат знаци со кои се најмалку компатибилни, за лавовите тоа се водолиите, а за девиците – рибите.

Веројатно се зачнати во ноември

Августовските бебиња главно се зачнати во текот на ноември.

Тоа се паметни (но тврдоглави) деца

Карактеристиките што ги поседуваат лавовите и девиците ги покажуваат уште од најрана возраст. „Малите лавови и девици се многу паметни. Дури и како бебиња тие имаат тенденција да бидат многу понапредни во однос на своите врсници“, вели д-р Перакис. Таа интелигенција и силниот пристап кон животот се несопирливи. „Родителите на лавовите и девиците мора да бидат подготвени не само да ги учат своите деца туку и самите нешто да научат од нив“.

Сакаат да бидат во центарот на вниманието

Проверете дали вашиот омилен пејач или актер е роден во август бидејќи нема сомнение дека луѓето родени во август ги обожаваат светлата од рефлекторите. „Повеќето уметници се родени во знакот на лав – актери, музичари, водители… сите имаат една заедничка карактеристика – харизма!“

Добри предавачи

Лавовите и девиците се одлични предавачи, во и надвор од училницата. „Без разлика со која професија се занимаваат, луѓето родени во август одлично ги пренесуваат своите знаења, а сето тоа благодарение на вродениот авторитет“.

Нивниот кристал е перидот

Перидот е зелен скапоцен камен кој претставува веселост и голема креативност. На носителот ќе му подари добро здравје, богатство и радост. Штити од зло и овозможува успешност во завршувањето на работите. Освен здравје, носи и љубов.



912

X