Не се сфаќам себеси толку сериозно.

Со задоволство би изиграла еден смешен танц во супермаркет само за да ја насмеам мојата ќерка, или би му рекла нешто смешно на келнерот само за да ја слушнам мојата пријателка да се насмее додека го пие своето кафе. Мојот партнер и јас повремено се шегуваме меѓу себе на наша сметка и се задеваме бидејќи тоа е нашиот јазик на љубовта.

Она што сакам да го кажам е дека мислам оти имам добра смисла за хумор… освен, очигледно, кога се работи за моите деца. Не сфаќајте ме погрешно – можам да се шегувам за моите деца. Некогаш ги именувам како мои пијани диктатори. Но, ако некој друг ја направи истата шега? Дури и ако ми е најдобар и најблизок пријател? Ахх, извинете ме – но како се осмелувате да ги навредите моите мали ангелчиња.

Да, знам дека некогаш се разгалени. Знам дека нивното однесување е смешно. И знам да се жалам за тоа! Но, кога некој друг ја први истата шега, дури и со истиот хумор и љубов како што јас го правам тоа, не можам да си помогнам да не посакам веднаш да стапам во нивна одбрана. Можеби е тоа само мајчинскиот инстинкт, па ги заштитувам по секоја цена. Или можеби тоа е несигурноста дека некој се шегува за нешто што навистина го мисли. Се разбира, со пријателите вообичаено се смеам љубезно и го прегризувам јазикот. Не сакам да бидам мајката што не може да прифати шега! Знам дека моите деца треба да научат како да прифаќаат лесно шегување или некои хумористични коментари. Не дај Боже да пораснат без емоционална отпорност.

Сакам да мислам дека не сум човек кој се опседнува со мислењето на другите за мене. А сега, нешто во мене сака да им докаже на сите дека јас сум добра мајка. Интелектуално, разбирам дека сите се бориме со модерното родителство на најдобриот начин на кој можеме. Но, емоционално – има дел од мене кој сè уште смета дека треба да се докажувам себеси како мајка.

Немам сомнеж за љубовта која ја чувствувам кон моите деца и знам дека и тие ме сакаат. Ништо не ми носи повеќе радост од звукот на нивната смеа и чувството од нивните прегратки. Но и покрај тоа, и покрај мојата стабилност и самодоверба во други области од животот, го сфаќам мајчинството како најнестабилната површина на која стојам. Тоа е област каде што сè уште се споредувам со другите. Сè уште се прашувам дали правам доволно и ги бројам сите начини кога бележам порази. Сè уште гледам други мајки на игралиштата и претпоставувам дека тие се навистина родители, а јас само се обидувам.

Мислам дека затоа и сум премногу чувствителна кога некој се шегува за моите деца. Се плашам дека ако некој сугерира дека децата се непријатни – дури и ако е шега – тоа е одраз на мене и моето лошо родителство…? Или можеби сум параноична за тоа дека не им припишувам проблеми бидејќи ги сфаќам како закана за нивното ментално здравје?

Мајчинството е една од најинтересните работи што ги имаме. Работа која директно и моќно влијае врз животот на друго битие. А со сето тоа доаѓа и голем притисок. Секоја недела сме потсетени за начините на кои треба да постапуваме подобро, или различно. Но, исто така сме потсетени дека да даваме сè од себе е доволно, па треба да престанеме да си вршиме толкав притисок. Со толку многу конфликтни пораки, може да добиеме чувство дека сме на некој бескраен пат за совршенство, но и да признаеме дека нема такво нешто како „совршена мајка“. Секогаш велев дека имањето дете е најдобрата и најтешката работа, а по 6 години искуство, токму така се чувствувам.

Сфатив дека и покрај нашата силна самодоверба, родителството е последната трага на несигурност и сомневање во себе. Тоа останува како чувство, иако сме поминале милиони проблеми кои доаѓаат и со тоа да си жена. Работам на мојата чувствителност како родител и се обидувам да најдам начин да се чувствувам посамоуверена како мајка, и се обидувам да го прифатам добриот хумор упатен кон моите деца со добра намера.

Но, засега, доколку некој ја нарече мојата ќерка „лигава“ затоа што плаче хистерично поради скршено колаче, не можам да ветам дека нема да го клоцнам.

Автор: Џезмин ван Лар

Извор



912

X