Воспитување

Има терапевти кои одлично ги поправаат грешките на родителите

Колку родителите навистина може да нè расипат/поправат?

Пишува: Бранкица, ќерка

Сигурна сум дека и двајцата правеле сè најдобро што можеле. Но, тука е всушност проблемот. „Ние сме такви какви што сме“, е реченицата која отвора разни нивоа од пеколот. Родителството е процес кој бара постојана работа на себе.

Бевме сити, убаво облечени и ниту малку во контакт со сопствените емоции. Бевме одлични на училиште, на 6 години знаев како се виткаат сарми, но не знаев дали смеам да бидам тажна и дали солзите се во ред. Знаев дека татко ми ме сака најмногу на светот и дека таа строгост што ја покажуваше беше дел од таа љубов. Од мене се очекуваше, или барем мислев дека се очекува, бидејќи емоциите не се претвораа во зборови, само во претпоставки, да бидам најдобра во сè. Сè друго ми беше обезбедено, зошто да не бидам.

Нема најдобри, само тажни и изморени.

Таа Бранкица научи од своите родители колку се важни границите и колку може да се биде родител кој повеќе се грижи за тоа дали децата се среќни и мирни од тоа што пишува во книгата.

Пишува: Бранкица, мајка

Да се биде родител е најтешка и најубава работа на светот. Кога својата Надежда ја прашав, откако едвај ѝ простив на мајка ми, дали има шанса јас нешто да расипам кај Лола, таа ми рече: „Речиси е невозможно да не се погреши во воспитувањето. Сакај ја, слушај ја што ти зборува и разговарај со неа. Нешто мора и самата“.

Балансот помеѓу „не сум само нејзина мајка и не сакам да ѝ бидам товар“ и „јас те родив, јас ќе ти го објаснам животот“ е олимписка дисциплина. И кога знаеш дека правиш најдобро што можеш, некако тоа е секогаш малку. Многу полесно било да се обвинуваат родителите додека не станав и самата мајка.

Да, јас ќе бидам подобра. Подобра од она што мислам дека тие го можеле.

Да, можеби и тие така мислеле.

Да, за 20 години и Лола за мене ќе рече: „Си можела подобро.“

Јас сум за тоа да се обидеме да постапуваме најдобро што знаеме. И за нив и за себе. Дали тоа било најдобро и за оние што сме ги родиле? Времето ќе покаже.

Би сакала прво од својот грб да го отстранам тој постојан товар на можности дека нешто правам погрешно. Правам, да се помириме со тоа. Од најголема љубов. Впрочем, има терапевти кои ги поправаат родителските грешки. Мора и тие од нешто да живеат.

Автор: Бранкица Раковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top