За вашето бебе да има поудобен и подолг сон, постојат многу работи што можете да ги направите: да ја изладите просторијата, да ги спуштите ролетните, да вклучите бели звуци, да биде тишина, но и му да понудите храна што ќе го натера да спие подобро и поквалитетно.

Како што постои храна што помага во спиењето, така има и храна што не помага и прави штета. И тоа, се разбира, храна полна со јаглехидрати: тестенини, разни благи десерти, леб, сокови – сите тие се полни со јаглехидрати кои бебето ги вари долго време и го зголемуваат нивото на инсулин. Исто така, јаглехидратите брзо се трошат во телото, па чувството на ситост кратко трае, што ќе доведе до побрзо будење.

Без оглед на нашата возраст, инсулинот во нашето тело се зголемува по консумирањето храна. Зголемувањето на инсулинот резултира со чувство на будност како резултат на намалувањето на нивото на мелатонин – хормон кој нè релаксира и нè подготвува за спиење. Значи, има совршена смисла детето да јаде порано за да го заврши процесот на ослободување на инсулин во телото порано.

Храната за спиење е богата со цинк, кој влијае релаксирачки на нервниот систем. И магнезиумот е храна за спиење, а може да се најде во спанаќот и во бадемите. Железото во црвеното месо и во зеленчукот како блитва исто така помага при сонот.

Авокадо

Повеќето бебиња сакаат пире од авокадо, но ако вашето бебе не е обожавател, обидете се да му го скриете и да му го ставите во друга состојка. Ставете малку авокадо во пире од банана и ќе бидете сигурни дека има доволно магнезиум и калиум за да се релаксира, а влакната од бананата ќе овозможат лесно варење.

Овес

Овесот е полн со мелатонин – хормон за спиење. Покрај тоа, овесот е исто така крал на влакната, така што вашето дете ќе спие како крал по овесна каша и ќе има редовна столица.

Банани

Бананите содржат коктел за спиење направен од – триптофан, калциум и магнезиум што ќе му помогне на вашето бебе.

Бадеми

Бадемите се полни со триптофан и магнезиум, затоа не заборавајте да ги вклучите во исхраната на најмладите. Секако дека нема да им дадете цели бадеми на бебињата, но можете да користите мелени бадеми како алтернатива на брашното.

Зелена салата

Зелената салата содржи лактуцин, состојка која има својства на смирување. Сезоната на салатата трае од јуни до октомври, затоа консумирајте ја сезонски за да ги добиете сите најдобри состојки.

Извор



912

X