Кога луѓето размислуваат за хормоните, обично мислат на машките и женските хормони тестостерон и естроген. Сепак, децата, исто како и возрасните, произведуваат многу други видови хормони кои влијаат врз речиси секој аспект од нивното физичко и ментално здравје.
Како што објаснуваат педијатрите, главната задача на хормоните е да им сигнализираат на клетките и на делови од телото да извршуваат одредени работи. Овие хормони патуваат до други клетки и помагаат да се контролираат или координираат многу телесни процеси, како што се регулирањето на расположението, растот, развојот, функцијата на ткивата, метаболизмот, како и репродуктивните процеси.

Како да препознаете хормонални проблеми кај детето?
Во случаите кога хормоните не работат како што треба, односно не се ослободуваат правилно или се произведуваат во прекумерни количини, може да се појават одредени симптоми како што се:
-дебелина
-заостанат раст
-мускулна слабост
-лесна појава на модринки на кожата
-акни
-висок крвен притисок
-ненадејни промени во расположението
-склоност кон депресија.