Дали живеете со малечко немирно дете? Она што знае да приреди вистински хаос и неред? Тогаш имаме добри вести за вас…

Д-р Кејт Хајфилд зборува токму на таа тема. Таа е експерт за рано учење и мајка на малечко дете.

Децата учат преку правење грешки

Фазата кога децата имаат 2 години се смета за „ужасна“, а вистина е дека децата на таа возраст знаат да бидат многу импулсивни и да бидат вистински предизвик за родителите. Д-р Кејт вели дека е важно да запомниме оти многу нешта се случуваат во тие години на децата, па таквото нивно однесување е поврзано со самиот нивен раст и развој.

„Малечките деца се наоѓаат во интегрално време на учење“, вели таа. „Тие се прашуваат – што ако го направам ова, кој е ефектот од ова? Учат од причините и ефектите па нивните мозоци прават фантастични поврзувања на нештата. Запомнете дека децата учат, нивниот ум прави поврзувања во синапсите, па тоа е важно бидејќи на тој начин имате можност да воспоставувите одредно однесување“.

Трчање

Избегнувањето не значи дека треба да ги прифатиме сите однесувања, но треба да се стремиме кон тоа да ги разбереме однесувањата на децата. На пример, трчањето. „Трчањето низ паркинзи и слични места не е тема за преговарање. Но, треба да погледнеме што се случува во нивниот ум и да се обидеме да го сфатиме сето тоа. Кога детето трча каде што има автомобили, тоа не се фокусира на фактот дека има автомобили, туку се интересира за начинот на кој неговото тело се движи и осознава повеќе за таа активност“. Д-р Кејт посочува во таков случај на детето да му се потврди дека не смее да трча на такви места, потоа да се однесе на некое друго место што е безбедно.

Удирање и гризење

Уште една работа за која не се преговара – физички испади. „Ова особено важи кога се вклучени помладите браќа и сестри, бидејќи тоа не е социјално прифатливо. Тука навлегуваме во емоционално тренирање. Го осознаваме и вреднуваме чувството, а потоа поставуваме граници околу однесувањето. Така – Во ред е што си лут, но не е во ред да удираш – е начинот на кој треба да се поставите. Нежно и чувствително треба да се пристапи и да му се објасни на детето. Ако сте клекнати и сте на висината на детето, па тоа ве удира, тогаш треба да станете и да се тргнете малку од него“, објаснува д-р Кејт. „За многу деца, удирањето и гризењето се начин на комуникација… многу деца така ја изразуваат својата фрустрација бидејќи не знаат како да го кажат тоа со зборови – кога се под стрес, кога се гладни, кога се збунети. Обидете се да направите чекор наназад за да видите што е она што детето сака да ви го каже со своето однесување“.

 

Кога децата велат „не“

Д-р Кејт вели дека иако детето што се спротивставува е вистински предизвик, сепак, има и добри страни на оваа возраст во врска со тоа. „Децата учат дека имаат слободна волја. Може да донесат одлуки кои се независни од вас. А тоа им го посакуваме кога ќе бидат возрасни. Сакаме да бидат самостојни, да се застапуваат себеси, да бидат способни сами да ги регулираат емоциите и да се контролираат како возрасни лица“.

Признајте, означете, насочете

„Она што треба да го направите кога детето постојано вели „не“, признајте го, означете го и потоа пренасочете го тоа – Гледам дека ми кажуваш оти не сакаш да ги миеш забите. Но, тоа е нешто што мора да го направиме. Да бидеме брзи и да видиме дали може да ги четкаме забите додека седиш тука или, пак, јас ќе те бркам, па потоа ќе ти ги четкам забите – додајте елемент на забава и игра за да можете да го пренасочите тоа „не“ што ви го упатило детето.  На тој начин вие признавате дека децата комуницираат со вас, а потоа информациите ги пренасочувате кон посоодветно однесување“, вели д-р Кејт.

Автор: Пип Линколн

Извор



912

X