Да речеме дека имате мали деца или внуци кои сè уште не станале жртви на потрошувачкиот менталитет. Да речеме дека имаат четири години. Детето бара од Дедо Мраз играчка која чини неколку илјади денари. Да речеме дека тоа е, на пример, куќа за кукли или автомобил со далечински управувач. Другото дете сака нешто што чини двесте денари. Не затоа што е скромно (сè уште не размислува така), туку затоа што навистина ја сака таа играчка.
И што правиме? Сметаме дека не е во ред едното дете да добива скап подарок, а другото толку евтин, па потоа на другото дете му купуваме нешто друго за цените да бидат приближно исти.
На што ги учиме децата? Ги учиме дека вредноста на подарокот се одредува според цената. Ги туркаме, не сакајќи, предвреме во тој свет на потрошувачка и купување.

Ако сè уште имате толку мали деца, уживајте во нивната негрижа и природност и почитувајте ги нивните желби. Сигурно нема да мислат дека ги сакате различно ако нивните подароци се со несразмерни цени! Тие не размислуваат така.
Автор: Жељка Курјачка Станиќ