Обично за време на летото хитови во филмската индустрија се акциони филмови, посакувани римејкови и долгоочекуваните проекции. Оваа година, не се исклучок „Спајдермен: Далеку од дома“, „Кралот Лав“ и „Приказна за играчките 4“. Се разбира дека летните филмови имаат висока забавувачка вредност, но некои исто така, може да понудат и важни можности за дополнителни лекции, надвор од училиштето, пишува „Хафингтон пост“.
Учениците имаат придобивки од искуствата кои ги прошируваат нивните знаења, не само од математиката или науката, но исто така и од светот околу нив. Сите имаме рамки на однесувања и верувања кои го дефинираат нашиот поглед на светот. Понекогаш, за да го видиме животот онаков каков што навистина е, потребно е да се оттргнеме од тие рамки. Филмовите можат да ги потсетат децата дека сите ние имаме различни перспективи, дека човековите права се важни, дека културите може да споделуваат многу фундаментални вредности и дека емпатијата, добрината и љубезноста се клучни квалитет, во праведно, цивилно и инклузивно општество.
Следните филмови се предлози за децата да имаат за што да размислуваат летово. Селекцијата може да им помогне на учениците да го гледаат светот од нови перспективи, да ги запознае со луѓето, културите, настаните и верувањата кои можеби се нови за нив. Иако филмовите не се секогаш 100 проценти историски или научно прецизни, сепак, може да бидат одлична почетна точка за богати и содржински разговори.
1. Железниот џин
Оценка 1+
Што се однесува до 1950-те, има многу нешта кои може да се откријат во дуелот технологија-природа, во ова остварување. Но, што децата (па дури и возрасните) навистина ќе научат од оваа приказна за пријателството на роботот и детето е прифаќањето, последиците од пребрзите одлуки за судење и многу други форми на хероизам.
Прашања за дискусија: Што знаете за Студената војна во 50-те? Како би се однесувале поразлично ликовите ако приказната би била сместена во некој друг временски период (на пример, после 9/11)? Каде се гледаат тврдењата за борбата помеѓу технологијата и природата? Како паранојата го води заплетот во филмот?
2. Воли
Ова остварување за човековиот отпад и негрижа за животната средина успева да биде прикладно и за деца. Неодолив робот и неговиот потфат за поврзување со некој друг е само еден сегмент од влијанието на нашите колективни дејства.
Прашања за дискусија: Што „Вол-И“ може да научи од филмот „Здраво, Доли?“. Како е сатирата користена во филмот за да посочи на пораките за животната средина и големите бизниси? Кои сличности ги гледате во филмот со нашата консумација на медиумите денес? Дали мислите дека ова е нашата иднина?
3. Коко
Во „Коко“ дејствието е насочено кон Денот на мртвите и желбата на едно дете да стане музичар и покрај желбите на своето семејство. Трогателно дело со посвета на мексиканските традиции и обичаи, овој филм ќе ги поттикне децата на поинакво размислување за начинот на кој се сеќаваме и ги вреднуваме нашите починати членови на семејството.
Прашања за дискусија: Што ве изненади во врска со традициите за Денот на мртвите? Како твоето семејство оддава почит кон роднините и саканите лица откако ќе починат? Што мислите, како практиката за оддавање почит кон мртвите може да влијае врз донесувањето одлуки во мексиканските семејства?
4. Сопствена лига
Базиран на вистински живот од 1940-те, во врска со Професионалната лига за американските бејзбол спортисти-жени, овој класик ќе ги натера децата да размислуваат за вредноста на жените спортисти низ историјата. Учениците исто така, ќе согледаат како и индивидуалната сила и тимската работа, се голем фактор во успехот.
Прашања за дискусија: Која е улогата на жената во повеќето професионални спортови – и нивната улога во филмот? Како сите случени промени се добар момент? За да ја одржуваат играта популарна, играчите ја истакнуваат својата женственост. Мислите ли дека тоа е само за забава, знак за тогашните времиња или нешто понижувачко?
5. Запомнете ги титаните
Тука станува збор за инспиративна вистинита приказна за борбите и победите на нов средношколски рагби тим во 1971 година. Темите за сегрегацијата и предрасудите, ќе им помогнат на учениците да размислуваат критички за расните реалции.
Прашања за дискусија: Како играњето рагби може да им помогне на учениците подобро да ги разберат предрасудите? Дали забележувате сегрегација или расизам денеска во училиштата и соседството? Како може да ги примените лекциите научени од филмот, во решавање на денешните проблеми?
6. Шоуто на Труман
Главниот лик во овој сатиричен филм е продавач на осигурување кој открива дека секој околу него е дел од „шоу“ и дека секој аспект од неговиот живот бил режиран. Децата неизбежно ќе почнат да се прашуваат за последиците од нашиот свет воден од медиумите.
Прашања за дискусија: Како филмот ја адресира реалноста на оние кои поминуваат толку многу часови од своето слободно време гледајќи ТВ или филмови? Дали рапидното развивање на социјалните мрежи ја прават оваа приказна „застарена“? Кои лекции може да се научат за тоа како да ги прифаќаме информациите од медиумите и колкаво е нивното влијание?
7. Пристигнување
Со силен женски главен лик, оваа научна фантастика ги изоставува акциските сцени во замена на погледот кон она како комуницираме како видови. Одлично е за групни дискусии а учениците ќе имаат многу за кажување за политичките и личните избори кои ги правиме.
Прашања за дискусија: Како би можеле да комуницираме со вонземјаните? Кои се придобивките во комуникацијата преку симболите отколку преку зборовите? Како овој филм се споредува со другите филмови или приказни кои раскажуваат вакви вонземјани?
8. Помошничките
И покрај контроверзноста околу централниот бел лик во филм за цивилните права, ова филмска адаптација покажува како опресираните луѓе имаат приказна која треба да биде кажана. Ќе ги замисли децата за сегрегацијата и класните разлики во нашето општество и што е потребно за да прекине расизмот.
Прашања за дискусија: Зошто мислите дека луѓето може да бидат критични, што приказната е закотвена во приказна за бела девојка? Дали мислите дека ликовите се вистински приказ на времето, или се стереотипи? Како да го разликуваме тоа?
9. Играј како Бекам
Девојка која живее во Англија се бори за следење на нејзините фудбалски соништа, а во меѓувреме ги почитува и традиционалните Индиски вредности на своите родители. Оваа приказна ја носи популарната порака „следи ги своите соништа“, испреплетена со релевантни дискусии за втората генерација мигрантски семејства и културолошки идентитет.
Прашања за дискусија: Колку треба да се зачувуваат традициите од сопствената култура, кога веќе не живееш во тоа место? Кои стратегии би помогнале во градењето на себе-вредност и за справување со притисоците од членовите на семејството или општеството?
10. Со љубов, Сајмон
Оваа приказна не е базирана на историски настан и не навлегува во длабоки интелектуални теми, сепак дава приказ на емоционалната борба на млад човек кој се обидува да признае дека е хомосексуалец. Овој филм им дава можност на децата да се поврзат и да покажат емпатија кон борбата на еден геј маж и геј заедницата воопшто.
Прашања за дискусија: Што мислите, како овие детски искуства можат подоцна да влијаат на некого кога ќе стане возрасно лице? Каков друг тип на тајни може да ги мачат учениците во средношколскиот период? Како може сето тоа да влијае на нивните односи и врски со врсниците и соучениците?
Автор: Дени Вагнер