Вашето дете „скрило“ нешто и вие треба да разговарате. Не сакате само да дадете некоја казна, туку се обидувате да водите смислен разговор, да објасните сè и да се обидете да го натерате да разбере што згрешило и зошто сега има последица поради стореното, или пак кажувате што ќе се случи… Веќе знаете како оди тоа. И токму кога ќе се смирите и мислите дека добро ви оди – детето ви одговара, на оној начин.
Има малку работи што ги полудуваат родителите како возвраќањето, тоа арогантно одговарање. Не мора ни да биде арогантно, доволно е да ви одговори и да бара некоја корекција, некоја правда која мисли дека треба да ја добие или слично. Она што е особено невкусно е кога се одговара без никаква почит. Дали има некој начин да се реагира во овие ситуации и да се обидете да бидете рационални? Доволно за да не се распадне вашиот родителски авторитет во оваа борба. Еве неколку ситуации и можни реакции.
Кога детето ќе каже: „Тоа не е фер!“
Децата сакаат да веруваат дека единствениот правилен начин некој да се однесува кон нив е истиот како и кон нивните браќа и сестри или пријателите. Но, фер не е секогаш исто што и еднакво.
Вашиот одговор:
-Секогаш ќе се трудам да се однесувам праведно кон тебе и твоите браќа и сестри, но тоа не значи дека тоа е секогаш исто за сите вас. Тоа е затоа што вие сте различни, исто како што сите на светот се различни едни од други.
Кога детето ќе рече: „Сите други го прават/смеат да го прават тоа!“
Вашиот одговор:
-Па, она што другите родители го решаваат или дозволуваат, можеби не е добро за нас. Во нашето семејство, ние веруваме во __, па така ќе одлучиме за ова.
Кога детето ќе рече: „Не ми веруваш“.
Постарите деца ќе се обидат да ги обвинат родителите кои поставуваат граници со тоа што ќе постапат на начини кои имплицираат недостиг на доверба и ќе инсинуираат дека тоа му штети на вашиот однос родител-дете.
Вашиот одговор:
-Мојата најважна работа е да те заштитам. Значи, во овој случај не се работи за тоа дали ти веруваме – туку дека сакаме да те чуваме безбеден и/или да се грижиме за она што ти треба.
Кога детето вели: „Не морам да го правам тоа што го кажувате.“
Ова е еден од тие случаи. Кога децата одговараат на начин што изобилува со пркос и непочитување. Важно е да се реагира на вистински начин и во согласност со нивниот одговор.
Вашиот одговор:
-Погледнете зад себе и кажете: „Со кого зборуваш? Знам дека не зборуваш со мене.“ Ова му дава шанса на детето да го поправи својот став. Потоа можете да кажете: „Добро, можеби сакаш да се обидеш да го кажеш тоа повторно“, па ако тоа не ја сфати поентата и продолжи да одговара, реализирајте поцврст пристап: „Јас сум твој родител и без разлика дали мислиш дека сум во право или не, ти ми должиш почит и ред е да ме послушаш. Бидејќи твојот став и зборови не го покажуваат ниту едното ниту другото, последицата од тоа е…….“ (Важно: Ова има моќ само ако последицата е логична и ако ја спроведете на дело.)
Кога детето неразбирливо си мрмори
Ова е трикот што ќе го извадат од ракав кога сакаат да го кажат последниот збор. Вие го кажавте својот дел, но тоа не значи дека детето ќе се откаже. Или продолжува да си тера по патот или си мрмори тивко и неразбирливо. Во секој случај, тоа е игра на моќ.
Вашиот одговор:
-Во ред, слушнав што имаш да кажеш и те замолив да престанеш да зборуваш.
Во тој момент исто можете да кажете:
-Ако сакаш да дојдеш до…(нештото кое го сакал или за кое се борел), не кажувај повеќе ниту еден збор.
Или:
-Ако кажеш уште еден збор за ова, јас ќе.. .(и кажете ја последицата – смислена).
Автор: Наташа Крстичевиќ
912