Дали си жива, старке моја?
Јас сум жив и поздрав ти праќам.
Ноќе над колибата твоја
И натаму нека блеска онаа чудна светлина.

Ми пишуваат дека те гледаат често
многу загрижена заради мене
и дека секој час одиш по улицата
во својот трошен старски капут.

Велат дека под синото небо,
секогаш те мачи истото привидение:
како во крчма, среде тепачка
во срцето ми заболе фински нож.

Немај страв! Смири се, драга!
Од илузии срцето ти се тресе.
Така, сепак не се пропив
за да умрам без да те видам тебе.

Како и некогаш, и сега сум нежен
и срцето ми живее само за сонот
што побрзо да побегнам од јадови
и да се вратам во нашиот низок дом.

Ќе се вратам кога во нашата градина
ќе се рашират гранките полни со цветови.
Само немој да ме будиш во рана зора
како што го правеше тоа пред осум лета.

Немој да ги будиш соништата кои веќе се отсонувани
нека мирува она што не било,
веќе рано сум заморен од животот
само чемер чувствувам во себе.

И не ме учи да се молам. Остави!
Нема веќе враќање кон старото.
Ти си единствената утеха моја,
светлото кое блеска со иста жар.

Смири се! Немој често да те
гледаат така загрижена
и не оди секој час на улица
во својот трошен старински капут.

Автор: Сергеј Есенин

Извор



912

X