Воспитување

Екраните и малите деца – родителите со право се грижат

Семејството на Сем патуваше накај дома по празничната посета на нивното пошироко семејство. Како што се очекуваше, патувањето за празниците беше хаотично, а Сем, беше раздразлив и плачлив, па го тестираше и последниот нерв на неговиот татко. Така, таткото му го подаде на Сем таблетот што неговиот син го доби како празничен подарок и му рече: „Во ред, твој е уште еден час. Не терај ме да зажалам што ги прекршив правилата“. Прекршеното правило: вкупно 90 минути време поминато пред екранот за време на четиричасовниот лет.

Дедото на Сем му рекол на својот син: „Ох, па што е толку лошо во екраните? Сега е доволно голем.“ Неговиот син му возвратил: „Ќе видиш кога ќе се обидеш да му го земеш откако ќе истече времето!“

Претходно пишував за одговорот на прашањето од дедото, но време е за ажурирање на ефектите врз малите деца, од најзначајниот напредок на интерперсоналниот дискурс од пронаоѓањето на телефонот: дигиталните медиуми. Американската академија за педијатрија пред неколку години наивно постави упатство за поминување само два часа дневно пред екраните за децата на петгодишна возраст и нагоре, па сугерираше и дека на родителите им треба подобар совет посигурно вкоренет во „реалниот свет“ во однос на користењето на екраните во нивното семејство. Повеќето семејства сметаат дека овие уреди не се инхерентно зли и дека се тука за да останат, па ајде да дознаеме како да живееме со нив.

Родителите со право се грижат. Екраните го привлекуваат вниманието на малото дете на уникатно ефикасен начин. Брзината на сликите и пораките влијае врз фокусот и распонот на вниманието на малото дете.

Истражувањето на Патриша Кул од Универзитетот во Вашингтон, со илјадници едногодишници, јасно покажува дека овие бебиња не учат ништо од екраните, дури ни од многу привлечните видеослики. Тие претпочитаат и учат само од живо човечко суштество.

Неврологот Чак Нелсон од „Харвард“ додава дека затоа што целата комуникација пред детето да го научи јазикот е невербална, изразите на лицето на неговиот старател се неговиот главен и најважен учител, двигател на организирањето на тој дел од мозокот, што ќе доведе до социјален говор. Бидејќи екраните не даваат значајни повратни информации, колку подолго малото дете поминува време со нив, толку е помала неговата способност точно да ги чита човечките емоции, зголемувајќи ја фрустрацијата експоненцијално.

За децата кои не тргнале во градинка, времето пред екранот може да ја попречи желбата и способноста за креативно играње сами и со други деца, слабеејќи ја суштинската основа за совладување на социјално-емоционалните вештини и вештините за решавање проблеми. Исто така, на оваа возраст, редовното досадување им помага на децата да се справат со фрустрацијата и повеќе да се потпираат на сопствената имагинација.

Има разлика помеѓу времето поминато пред екран, дали е квалитетно или не. Еве предлози за ограничување на помалку корисното поминување време пред екран и охрабрување на покорисното:

Помалку корисно

-Без паметни телефони, компјутери, телевизори или таблети во спалните соби (добра идеја и за родителите).
-Јадењето на оброците нека поминува без екрани.
-Вклучените телевизори во заднина не се добар потег за детето кое се обидува да управува со времето поминато пред екранот, со помош од родителите.
-Целосните забрани за времето пред екраните не ги учат децата за тоа како самите да управуваат со уредите, што е суштинска вештина која треба да се научи уште од основно училиште. Па родителите следствено може да очекуваат експлозивно користење на екраните од страна на децата до адолесценцијата. Бавните и стабилни чекори функционираат подобро за нив, а и за вас.

Покорисно

-Сега има повеќе квалитетни достапни програми, а основната задача на родителите е да ги најдат добрите работи на интернет. Дајте им приоритет на физички активни видеоигри или предизвици, што можете да ги правите заедно, како што е јогата.
-Заедничко гледање: обидете се да бидете и вие присутни во поголемиот дел од времето поминато пред екранот со вашето мало дете и разговарајте за тоа што се случува. Користете ја содржината како поттик за да ги поврзете културата, верувањата и ритуалите на вашето семејство со она што децата го гледаат. Ако не можете, тогаш тоа значи дека не е добра содржина.
-Исклучете го звукот, игнорирајте или вежбајте за време на рекламите. Ако можете претходно да ја снимате содржината, прескокнувањето на рекламите е полесно.

Инаку, дедото се уверил на што мислел неговиот син кога се обидел да му го земе таблетот на Сем, по поминати 60 минути…

Автор: Кајл Д. Прует

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top