Дел од родителството е да ги учите децата да не ве прекинуваат додека зборувате и да го чекаат својот ред. Прекинувањето на зборувањето не само што иритира, туку ја засилува идејата дека нивните потреби и желби се на прво место, без чувство за другите. Но, сепак, изгледа дека децата не ја добиваат таа порака така лесно.

Можно е да ве влечат за рака и да повторуваат бесконечно „мамо, мамо, мамо“, станувајќи поупорни ако ги игнорирате, или да се фатат за вашата нога и да не ве пуштаат сè додека не ги сослушате – сето ова додека се обидувате да го продолжите разговорот со некое возрасно лице, колку што можете подостоинствено. Па, како да избегнете да одговорите со: „Дај ми две секунди!“, или да бидете нељубезни со соговорникот и да ја изгубите темата на разговорот?

Може да се обидете смирено да кажете: „Зборувам со возрасен човек, а потоа е твојот ред“ – техника која често е предодредена на неуспех, а која всушност бара од нас секако да го прекинеме разговорот.

Но, има еден совет кој го споделува австралиски блогер: гест со рака. Нема ништо поедноставно: детето да научи да ја поставува раката на зглобот или лакотот на возрасниот кога сака да зборува, а за возврат возрасното лице да ја постави раката на врвот од раката на детето за да покаже дека го разбира неговото барање, но во моментот не е достапно за зборување. Како резултат на тоа, детето се осигурува дека ќе биде земено предвид и учи да си го чека редот. Контактот кожа со кожа често е вреден повеќе од илјада збора.

Автор: Церит Гардинер



912

X