Сте го исчистиле станот, а потоа влегуваат децата и се случува вистинска катастрофа. Тоа добро го знае една мајка која одлучи да направи драстичен чекор и да им забрани на сопствените деца влез во дневната соба.

Оваа мајка одлучила да направи исклучок, но само во случај ако се почитуваат одредени правила. Правилата ги оставила на влезот во дневната соба, а нејзините деца ги фотографирале урнебесните пораки, па за кратко време приказната станала вирална.

„Како мојата мајка мисли да ја затвори дневната соба еден месец?“ – ги прашало детето своите пријатели на социјалната мрежа.

Ако ја прашате оваа мајка, едноставно.

„Оваа соба е исчистена за празниците и службено е затворена до Денот на благодарноста. Исклучок ќе биде само ако се задоволени наведените услови.

1. Истуширани сте и чисти од глава до петици.
2. Носите свежо испрана облека.

Во случај децата да добијат дозвола за престој во дневната соба, во неа не смеат да носат храна или пијалак – ги предупредува мајката.

Луѓето беа воодушевени од идејата.

– Ова ќе го ставам на влезната врата – коментираше една корисничка.



912

X