Прочитајте го писмото со извинување на мајката до нејзиниот син, кое нѐ потсетува на честопати несвесното споредување на децата и на фактот дека секое дете е единствено:

Драго мое второродено дете,

Еден ден ќе сфатиш дека родителството не доаѓа со упатство за употреба. Неколку пати очајував што немам свој „туристички водич“, но наместо тоа, научив да им верувам на моите инстинкти. Поради ова, се прават грешки и се учат лекции, а сфатив дека има една лекција што посакувам да ја научев порано. Никогаш не требаше да те споредувам со брат ти. Родителите знаат дека не треба да го прават ова, но понекогаш работите се случуваат несвесно. Кога се роди, се сметав за искусна мајка. Сум поминала низ тоа претходно: доење, подригнување, ноќни будења, непроспиени ноќи. Знаев што им треба на бебињата и како да ги утешам… или барем така мислев.

Но, ти беше тврдоглав од самиот почеток. Во првите месеци кога растеше во мене, многу често ме испраќаше во тоалет. Потоа доцнеше пет дена. И, со првиот здив, му даде до знаење на светот дека нема да биде лесно со тебе. Даде до знаење дека работите ќе ги правиш со свое темпо, обично побрзо или побавно од вообичаеното. За тебе, правилата се тука само за да се прекршат.

Да. Имаше и работи што ги правеше побавно и подоцна од твојот брат, како што се спиењето во текот на ноќта, одењето, учењето на првите зборови. Докажа дека си многу попркосен. Морав да научам неколку родителски трикови за да те натерам да ме слушаш. И признавам, кога не стигна до некои развојни пресвртници како брат ти, на почетокот те споредив со него. Моите инстинкти ми велеа дека си совршен и дека ќе правиш работи кога ќе бидеш подготвен за нив, но дозволив да победат општествените предрасуди.

И за тоа многу ми е жал. Пред некој ден трчав низ куќата обидувајќи се да ве спремам тебе и брат ти за на училиште, кога ти притрча до мене и ми викна: „Спремен сум, мамо! Ајде да одиме!“ И ти навистина беше подготвен. Слабо тригодишно момче, целосно облечено, со закопчано палто, капа и ракавици, чизми на вистински нозе. И тогаш ми „светна“. Ти си роден да бидеш малку див. Но, ти си роден со цел да бидеш совршен, исто како и твојот брат, но на поинаков начин. Можеби нема да го добиеш она што го сакаш при првиот обид, но ќе стигнеш дотаму и многу ќе се забавуваш правејќи го тоа. Сега сум свесна за тоа.

Мило ми е што ја научив оваа лекција додека уште си мал. Ќе ги прифатам прекрасните и непредвидливи патишта по кои ќе се движиш за да ги постигнеш сите тие мали и големи задачи и работи. Никогаш повеќе нема да те споредувам со твојот брат затоа што сега знам дека никој не може да се спореди со тебе.

Те сакам засекогаш,

Мама.

Автор: Ана Шефчек

Извор



912

X