Ти, тато, беше најголемото отсуство во мојот живот.

Знаеш, тато, со години беше најголемиот протагонист во мојот живот, и покрај тоа што беше постојано отсутен. Бидејќи за мене никогаш не беше тука, физички, ментално, со своето срце. И додека моите пријатели имаа силен и заштитнички татко со кого градеа замоци од песок во најубавите сончеви денови, јас бев среќна со тие присилени спомени што ѝ припаѓаа на мојата имагинација и приказните од мама за да го чувствувам помалку твоето отсуство.

Но, се чувствував во ред, на состаноците со родители, родендени, прошетките во паркот. Ти беше секогаш премногу зафатен за мене, за мама, за она што некогаш беше твое семејство, истиот ти кој вети дека ќе нè штитиш и сакаш. Со години верував дека вината е моја, се убедував дека едноставно сум родена како грешка. Гледав дека мама е преполна со болка, грижејќи се за мене, твојата ќерка, додека ти експериментираше со нови начини на живеење далеку од нас, бидејќи со мајка ми беше јасен, ѝ кажа дека ти недостига твојата слобода и дека улогата на татко и верен сопруг не ти припаѓа тебе.

Таа го разбра тоа, дека едноставно си таков, себичен и незрел маж и те пушти да одиш. Но, јас тато, јас бев само дете. Како да разберам дека машката фигура во мојот живот не била подготвена за мене? Како можеше да заборавиш на твојата ќерка и твоите одговорности? Бидејќи дури и кога беше овде, твоето присуство беше минливо. Заминуваше ако те држев блиску до мене, одговараше со „и ти исто“, исцртувајќи вештачка насмевка, кога ти кажував дека ми недостигаш.

Сега ми е јасно дека јас и ти станавме двајца туѓинци.

Еден ден престанав да те барам и да мислам на тебе, да те идеализирам. Разбрав дека повеќе од татко, ти беше едноставно човек со многу маани и престанав да молам за твоето внимание и заеднички моменти.

А потоа се врати, неочекувано.

Поизморен и исцрпен, со длабоки брчки на лицето, кои повеќе изгледаа како каења и ми рече дека сè што некогаш си барал во светот секогаш било и е – јас. А сега кога чувствата на вина, за она што ти не беше, се преголеми за да се издржат, ми се враќаш „за да се поправи нашиот однос“, ми велиш.

Но, сега речиси не остана ништо од нас.

Но, нема да те одбијам, тато, ќе научам да стојам покрај тебе, иако ти не знаеш како да го сториш тоа со мене, бидејќи разбирам каков си, те прифаќам таков каков што си, но никогаш нема да заборавам што ми направи.

Автор: Илариа Бараброса

Извор



912

X