Ви пренесуваме искрено писмо од една мајка:

– Оваа објава несомнено ќе ме однесе на списокот „Таа никогаш не треба да има деца“, но мислам дека она што ќе го кажам подолу е апсолутно неопходно да го кажам гласно! Подготвена сум да го прифатам овој наслов како многу важна тема за решавање: Доста е од грицки/ужини по натпревар/спортски настан. Ова е чума на сите нормални родители.

Те молам, Господе, кажи ми зошто малечката Ивана МОРА да грицка нешто по еден час играње фудбал?Дали ќе умре од глад? Дали согорила 10.000 калории со собирање глуварчиња на теренот наместо всушност да учествува во играта? Дали треба да купам, подготвувам и споделувам уште нешто со другите деца? Или можеби ми треба друг начин да потрошам дополнително пари? Секоја спортска активност на која оделе моите деца има непишано правило кое бара секој родител (кога ќе дојде редот) да носи грицки и пијалаци за „играчите“. Би го разбрала тоа ако децата со часови тренирале на турнир, пропуштајќи нормален оброк. Но, не мислам на тоа. Мислам на кошаркарски натпревар во сабота наутро што трае 45 минути. Или еден час фудбалски натпревар. Не мислам дури ни на едночасовна игра хокеј. Зборувам за кратки рекреативни активности. Мислам дека нема потреба од грицки/ужини/здрави оброци по активност која трае колку гледање два цртани.

Сепак, би ја разбрала родителската потреба за носење обични грицки, но денес постојат правила за тоа какви треба да бидат грицките. Тоа првенствено мора да биде здрава храна без алергени (сосема разбирам, па немојте да мислите дека се шегувам со деца со алергии). И не заборавајте дека вашето ремек-дело за кеси за ужина е исто така критикувано, не само од родителите туку и од децата. Бев сведок како децата се потсмеваат на внимателно подготвената здрава закуска што ја носат родителите. Не можам, а да не се запрашам кој ја започна оваа глупост? И ЗОШТО? Дали малиот Лука може да помине низ играта без да знае дека по натпреварот го чека посебна здравствена торба. И не, не зборувам за натпреварувачки настани. Ќерка ми се занимава со гимнастика, нивните тренинзи обично траат околу четири часа, а потоа пропуштаат обичен оброк. Целосно ја поддржувам идејата родители во тој случај однапред да подготват оброк. Но, морам да кажам дека таков случај е исклучок. Гледам родители кои не подготвуваат обични закуски за своите деца кои доаѓаат да си играат, туку вистински мали (скапи) ремек-дела.

Почитувани родители кои потрошивте повеќе од пет минути подготвувајќи ручек, ве молам да ми ја кажете вашата адреса бидејќи ако имате толку слободно време, би сакала да ги испратам моите деца кај вас. Сигурна сум дека некој ќе каже: „Но, јас само обожавам да го правам тоа за мојата мала принцеза, таа сака да гледа што сум ставил/а во нејзината ужина“. Дали треба да се вратиме на старите времиња? Време кога децата мораа сами да ги извршуваат домашните работи? Кога единствена опција за вечера беше вашата ужина?

Кренете ја раката ако сте добиле „глупава“ торба полна со грицки по спортски настани, а сте одгледани во 80-тите години или порано. Да, така мислев, нема ниту една крената рака. Знаете што? Сите живеевме. Никој не умре од глад. Никој не се онесвести од неухранетост. И погодете што? На повеќето настани за собирање средства имаше „снек бар“. Знаевте што добивате ако победите, слатко задоволство или тапкање по грбот. Ако изгубите, ништо. Тоа се вика мотивација, се вика живот, а не секој постојано да добива нешто.

Извор



912

X