Децата што сакаат да се посветат на глумата и се љубопитни да ѕирнат во школата на актерката Весна Петрушевска и како таа работи со децата, ќе имаат можност да го сторат тоа на 15 септември во 18 часот на малата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје. Училиштето е специјализирано за глума, јавно говорење и сценски настапи, а едукатор е токму првенката на Македонскиот народен театар, Весна Петрушевска.

Целта на школата првенствено е младите таленти да го разберат процесот на создавање на уметничкото дело, на театарска претстава, ТВ-емисија, како и како се гради фигурата на еден актер.
Децата од ова школо беа главни актери во претставата „Нашата љубов“, која изминатата театарска сезона се играше во МНТ. Актуелен проект во кој се вклучени децата-актери од оваа школа е детската ТВ-серија „Дајте музика“.
Деца-актери учествуваа и во рекламата за „Игра на знаења“, која е дел од проектот „Светот на Биби“.
„Гласна куќа“ е насловот на првата тинејџерска ситком-серија во која ќе учествуваат децата од оваа школа.



912

X