Нема посилна љубов од љубовта на родителот кон децата. Да се биде родител е голем чекор и голема одговорност. Сите навики децата ги понесуваат од дома. Тие учат од своите родители и усвојуваат модели на однесување, затоа добриот татко би требало да им биде вистински пример на своите деца.

Него го красат следните особини:

Вистинскиот татко не е оној што заработува многу пари за да им купи скапи подароци на својата сопруга и своите деца или да ги одведе на одмор двапати годишно. Не е ниту оној што заработува доволно за на своите деца да им обезбеди образование во приватно училиште и да ги покрива сите трошоци.

Вистинскиот татко е оној што е секогаш тука. Оној што не го напушта семејството во најтешките мигови и никогаш не ги остава најблиските сами да се справуваат со проблемите. Вистинскиот татко е подготвен да вложи напор и време, дури и кога е изморен, само за да ги задоволи своите деца.


Вистинскиот и посветен татко е оној што е подготвен за семејството да направи компромис и во одредени моменти да ги жртвува сопствените потреби, желби, па дури и среќа. Добриот татко  ги учи своите деца на вистински вредности, љубов, љубезност и лојалност.

Вистински добриот татко е оној што е пример за правилен однос кон жената. Оној што со неа се однесува со почит и љубезност.

Зборовите бескорисен, некомпетентен, слаб и глупав не постојат во разговорот со децата во неговиот речник. Тој е авторитет, но децата од него не се плашат. За него не постои ништо поважно од членовите на семејството, нивната среќа му е приоритет.

Добриот татко ги слуша своите деца и ги знае нивните планови, желби и стравови.

Вистинскиот татко е оној за кого децата велат: „Тој е пример, мој најдобар пријател, ментор и учител. Тој е мојот татко“.

Извор



912

X