Научи ја да спие сама! Зошто сè уште лежиш покрај неа?

Затоа што баш тука, во тие 5,5 минути пред сонот, ми раскажува три убави работи што ѝ се случиле.

Затоа што ќе се склопчи до мене како кога имаше 4,5 месеци, а не 4,5 години.

Затоа што тоа се ретки моменти кога не скока, не виси на лустерот, не се обидува да биде побрза од себеси.

Затоа што секогаш, пред спиење, без исклучок ми вели: „Мајко, те сакам“.

Затоа што сè уште може да ми заспие на градите.

Затоа што некогаш заспивањето се претвора во смеење и тоа е концентрат на среќата на планетата Земја.

Затоа што кога ќе заспие, ја гледам како да ја гледам првпат, како пред мене да е некое чудо, некое суштество што има решение за сите лоши работи на светот.

Затоа што повеќе од 1.500 ноќи сум најгорда на личноста во која расте.

Затоа што тие бакнежи на нејзиниот образ, тие под очите, се мој корен, мој живот.

Затоа што кога дише така покрај мене, јас знам дека нешто добро сум направила.

Затоа што поголемиот дел од својот живот нема да сака да се гали како некое маче со мајка си.

Затоа што животот е пребрз, а „нема свет, ниту планета“ да го забави барем на 10 минути.

Затоа што немаш често во животот можност да гледаш како спие љубовта.

Дозволете ми.

Автор: Бранкица Раковиќ

Извор



912

X